Градиште (Живојно)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Градиштеархеолошко наоѓалиште во битолското село Живојно. Претставува населба од раноантичко, доцноантичко и среден век. Се наоѓа на 1,5 км југоисточно од селото, на доминантниот рид Забрдо — каде има зарамнето плато, со простор од 2 хектари, оградено со одбранбен ѕид. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Најдени се и монети од Јустин I, Јустинијан I и постари. Во средниот век градиштето било повторно населено.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Најстари остатоци

Од почетоците до крајот на античката епоха на Градиште егзистирала укрепена населба, потврдена со бројни движни наоди од населбени слоеви, како и со 10-ина некрополи од одделни временски периоди околу неа. Во доцната антика било изградено цврсто обѕидие со малтер; бројни монети завршуваат со доцниот 6 век. Очигледно е дека населението живеело од експлоатацијата на железна руда, која тука лесно е топена благодарејќи му на јагленот (површински копови).

Remove ads

Средновековни остатоци

Доцноантичкото обѕидие било несомнено добро запазено и во раниот среден век и во неговите рамки живеела средновековна населба. Истата е потврдена со керамика од тоа време како и со бројни византиски монети од 11 до 13 век.[2]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads