Градиште (Живојно)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Живојно. Претставува населба од раноантичко, доцноантичко и среден век. Се наоѓа на 1,5 км југоисточно од селото, на доминантниот рид Забрдо — каде има зарамнето плато, со простор од 2 хектари, оградено со одбранбен ѕид. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Најдени се и монети од Јустин I, Јустинијан I и постари. Во средниот век градиштето било повторно населено.[1]
Remove ads
Најстари остатоци
Од почетоците до крајот на античката епоха на Градиште егзистирала укрепена населба, потврдена со бројни движни наоди од населбени слоеви, како и со 10-ина некрополи од одделни временски периоди околу неа. Во доцната антика било изградено цврсто обѕидие со малтер; бројни монети завршуваат со доцниот 6 век. Очигледно е дека населението живеело од експлоатацијата на железна руда, која тука лесно е топена благодарејќи му на јагленот (површински копови).
Remove ads
Средновековни остатоци
Доцноантичкото обѕидие било несомнено добро запазено и во раниот среден век и во неговите рамки живеела средновековна населба. Истата е потврдена со керамика од тоа време како и со бројни византиски монети од 11 до 13 век.[2]
Поврзано
- Бел Камен — некропола од железно време;
- Влаку — населба од неолитско време;
- Дабица — населба од неолитско време;
- Кералот — некропола од римско време;
- Св. Илија — осамен наод од римско време;
- Саат Тумба — некропола од римско време;
- Живојно;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
