Градиште (Мечкуевци)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Мечкуевци. Претставува утврдена населба од железното време, хеленистичкото време и римското време.
Remove ads
Местоположба и наоди
На југоисточната страна од селото се издига голема височинка што доминира во тој дел на Овчеполието. На нејзиниот врв има зарамнето плато со димензии 200 × 100 м, на кое се среќаваат грамади од градежен материјал, како и делови од керамички садови питоси. Најдени се и монети, а оттука потекнува еден надгробен споменик што бил однесен во Музејот во Штип во 1950тите. Изработен е од зелен песочник, со димензии од 0,55 × 0,47 × 0,10 м. Во едикулата има семејна претстава на маж, жена меѓу нив дете кое стои на постамент шт личи на ара. Сите се облечени во долги облеки, а жената е обвиена со шал.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads