Градиште (Пештани)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Пештани. Претставува каструм (утврден логор) од римско време.
Се наоѓа на мал полуостров на Охридското Езеро, на 2,5 км југозападно од селото. Денес тука делумно е распослан современиот автокамп „Градиште“, а во непосредна близина под возвишението е реконструираната наколна населба Залив на Коските.
По површината на зарамнетото плато од најнискиот врв, особено на југоисточната страна, се забележуваат основите на темели од одбранбениот бедем, граден од кршен камен и варов малтер, кои денес се реконструирани, вкучувајќи ја влезната порта.
Ширината на ѕидовите изнесува 1,80 м. Во внатрешноста на тврдината се гледаат остатоци од кули и помали градби, фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]
Remove ads
Поврзано
- Залив на Коските — наколна населба од бронзеното и раножелезното време
- Старо Село — средновековна населба
- Црквиште — средновековна црква
- Џамиште — средновековна црква
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads