Градиште (Чајле)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Чајле. Претставува населба од железно и доцноантичко време. Се наоѓа на околу 2,5 км југоисточно од селото, на доминантен рид од падините на Сува Гора, каде на издолжено плато што зафаќа површина од 120 × 70 м се гледа приближно елипсовидната форма на трасата на бедемот. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Се наѕираат и остатоци од цистерна на североисточниoт дел од наоѓалиштето. Фортификацијата има особено значење за заштитата на комуникацијата Гостивар-Кичево.[1]
Remove ads
Поврзано
- Ветва Црква — средновековна црква и некропола;
- Јурија — средновековна населба;
- Список на археолошки наоѓалишта во Гостиварско
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads