Градоначалник на Град Скопје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градоначалникот на Град Скопје го претставува и застапува Градот Скопје. За својата работа градоначалникот одговара пред граѓаните на град Скопје. Моментален градоначалник на Град Скопје е Данела Арсовска.
Надлежностите на градоначалникот се следниве:
- ги прогласува актите на Советот и ги објавува во „Службен весник на Град Скопје“;
 - се грижи и го обезбедува извршувањето на актите на Советот;
 - се грижи за извршување на работите што со закон му се доверени на Градот Скопје;
 - му предлага на Советот донесување на одлуки и други општи акти од негова надлежност;
 - раководи со управните и административните органи и служби на Градот;
 - управува со имотот на Градот во согласност со статутот;
 - именува и разрешува главен архитект;
 - му предлага на Советот именување и разрешување на раководни органи на јавните служби, установи и претпријатија основани од Градот;
 - именува и разрешува раководни лица на административните, односно управните органи на Градот Скопје;
 - донесува акти за кои е овластен со закон, статутот на Градот или акт на Советот;
 
врши и други работи утврдени со закон и со Статутот на град Скопје.
- Градоначалникот соработува со градоначалниците на општините од подрачјето на Градот Скопје, заради изградување на заеднички ставови, определување заеднички приоритети и преземање заеднички акции по определени прашања и проблеми од интерес за Градот како целина.
 
Remove ads
Извори и надворешни врски
- Градоначалник на Град Скопје Архивирано на 27 септември 2007 г.
 
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
