Орце Ѓорѓиевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Орце Ѓорѓиевски
Remove ads

Орце Ѓорѓиевски (р. 5 август 1987 ) — македонски политичар, член на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Град Скопје. Претходно ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. На локалните избори во 2025 година бил избран за градоначалник на Град Скопје.

Кратки факти Орце Ѓорѓиевски, Градоначалник на Град Скопје ...
Remove ads

Животопис

Образование

Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан I”, оддел за политички студии. Магистратура има во областа на менаџмент на човечки ресурски. Активно зборува англиски јазик. Досега има работено во приватниот сектор.[1]

Политика

Ѓорѓиевски станал член на ВМРО-ДПМНЕ во 2005 година. Ѓорѓиевски својата партиска кариера ја започнал како претседател на МК на УМС. Подоцна станал член на ОК на УМС Кисела Вода, од каде што во 2008 година станала претседател на УМС ОК Кисела Вода и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.[1] Во периодот 2013-2016 година бил член на ИК на УМС ВМРО-ДПМНЕ. Во 2015 година бил назначен и за потпретседател на УМС. 2016 година станал претседател на ОК Кисела Вода.

Во 2018 година станал член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. На локалните избори 2017 бил избран за член на Советот на Општина Кисела Вода. За време на парламентарните избори 2020 година, бил назначен за претседател на РИШ за Изборна единица 4.[1] На 17 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Орце Ѓорѓиевски победил во првиот круг и станал градоначалник на Општина Кисела Вода. Тој ја претставувал коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Орце Ѓорѓиевски бил избран за градоначалник на Град Скопје на локалните избори во 2025 година, победувајќи го во вториот круг неговиот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица. Тој го освоил градоначалничкото место со историски најмал број гласови.[2][3][4]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads