Градска болница (Скопје)

градба во Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia

Градска болница (Скопје)map
Remove ads

Градска болница (Скопје) (првично име: Завод за социјално осигурување на работници; денешно име: ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“) — градба во средиштето на Скопје, во непосредна близина на Собранието на Македонија.

Кратки факти Градска болница, Поранешни називи ...

Изградбата на објектот започнала во 1931 година дело на хрватскиот архитект Драго Иблер.[1]

Remove ads

Проектирање

Објектот бил предвиден со Генералниот урбанистички план од 1929 година, во времето на градскиот татко Јосиф Михајловиќ - Јурукоски. Сместен на новопроектираниот плоштад „Слобода“, на кој биле планирани да бидат сите поважни републички институции, организирани со средишното парковско зеленило, паркот Парк „Жена-борец“.

Градба

Делото на Иблер е третиот и последен јавно изведен објект од неговото творештво. Се одликува со основна геометриска форма, ослободена од непотребни детали. Освен чистата архитектура, на објектот се применети современи конструктивни материјали и се применети функционалните и рационалните размислувања за неговото организирање.

Објектот има ортогонална основа добиена од еден правоаголен дел 56,5/40 метри и еден квадратен од 17,5 метри. Кон западната страна ослобен е дел од приземјето во улога на трем.

По вертикала објектот има подрум, приземје и три ката. Обликувањето на фасадата е со хоризонтални потези, создадени од прозорите, без декоративен пристап и исчистена мисла. Во средиштето на објектот е формиран атриум, кој го подобрува осветлувањето проветрувањето.

Remove ads

Заштита

Објектот на Градската болница долго време бил под заштита на Конзерваторскиот центар од Скопје како градителско наследство (со акт од 1996 година).

Меѓутоа, веќе во 2009 година се намалува нивото на заштита со цел доградување и менување на објектот.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads