Градска ластовичка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Градска ластовичка
Remove ads

Градската ластовичка (Delichon urbicum) е птица преселница, која се размножува во Европа, северна Африка и умерените делови на Азија; а зимува во Сахара, во Африка и во тропските делови на Азија. Mоже да се најде и во природата и блиску до населените места. Таа се среќава и во Македонија.

Кратки факти Градска ластовичка, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис

Возрасната градска ластовичка е долга 13 см, со распон на крилјата од 26 до 29 см, и просечно тежи околу 18.3 гр. Има сина глава и горен дел со бел заден и долен дел, кафеави очи и мал црн клун додека неговите канџи како и видливиот дел од нозете им се розови. Половите се слични меѓу себе, но младите ластовички се целосно темноцрни, освен крилјата кои имаат бели краеви. Градската ластовица лета со просечно 4.4 замавнувања во секунда. Оваа ластовица е гласна птица, особено кога се пари.

Remove ads

Распространетост и живеалиште

Thumb
Градска ластовичка

Најомиленото живеалиште на градската ластовичка се отворените простори со ниска вегетација, како пасишта, ливади и ниви блиску до вода, иако може да се најде во планини со висина најмногу до 2 200 метри. Додека се сели, оваа ластовичка се храни во воздух со инсекти, и најчесто патува преку ден, иако некои птици летаат и ноќе.[2] Преселбата си носи и свои опасности; во 1974 година, неколку стотини илјади ластовички биле најдени мртви или пред умирање на Алпите и околните делови, поради тешките налети на снег и ниските температури. Преживувањето на возрасните ластовички за време на есенската преселба зависи најмногу од температурите, но ниските температури се покритични за младите.

Remove ads

Поведение

Размножување

Thumb
Градска ластовичка собира кал за гнездото(Данска)
Thumb
Градска ластовичка

Градската латовичка првично се гнездела во пештери и гребени; и некои колонии кои се гнездат во гребени сè уште постојат, и го градат гнездото под висечка карпа. Денес, овие ластовички најчесто прават гнезда на објекти изградени од луѓето, како што се мостовите и куќите. За разлика од селската ластовичка, градската ластовичка повеќе ги користи надворешните делови од населените објекти, отколку внатрешноста на штали и амбари. Гнездото е во вид на затворена шолја, фиксирана на греда, со тесен отвор на врвот. Се гради од страна на двата пола со кал и пелети коишто ги вградуваат со помош на клуновите, и покриена со трева, или друг мек материјал. Калта ја собираат од вирови, бари или потоци. Оваа ластовичка се размножува колонијално, и гнездата многу често им се блиски едно до друго. Многу е честа групата од помалку од 10 гнезда, но има и колонии кои направиле рекорд од илјадници гнезда. Најчесто се снесуваат 4-5 јајца, со просечни димензии 1.9x1.7 см, и тежат 1.7 гр. Инкубацијата трае 14-16 дена. Новородените пилиња не се способни да се грижат за себе, но по 22-23 дена, зависи од времето тие стануваат независни и го напуштаат гнездото. Овие ластовички најчесто имаат по 2 легла годишно, и првото легло се поправа и употребува одново и одново.

Исхрана

Thumb
Гнездо со пилиња
Delichon urbicum

Исхраната на градската ластовичка е слична со исхраната на другите ластовички и се состои најчесто од инсекти кои ги фаќа при летање. Овој вид лови на просечна висина од 21м за време на сезоната за парење, но во влажни услови пониско. Најчесто ловат во регион од околу 450 м од леглото.

Ластовицата како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Змијата и ластовицата“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[3]
  • „Телеграма од ластовичките“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[4]
  • „Ластовици“ — краток расказ на македонската писателка Лилјана Дирјан.[5]
  • „Непослушното ластовиче“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[6]
  • „Ластовички“ — краток расказ на македонскиот писател Тоде Илиевски.[7]
  • „Ластовици“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[8]
  • „Ластовици“ — песна на Блаже Конески од 1988 година.[9]
  • „Ластовиче долета“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[10]
  • „Ластовичка“ - краток расказ на македонскиот писател Иван Точко.[11]
  • Ластовица — македонска музичка група.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads