Васил Куноски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Васил Куноскимакедонски поет за деца.[1]

Животопис

Куноски е роден во Дебар на 20 ноември 1916 година. Тој е дете на војната бидејќи бил роден за време на Првата светска војна, поточно за време на бугарската окупација на Вардарскиот дел на Македонија. Починал во Скопје на 13 јуни 1993 година. Пред Втората светска војна, завршил учителска школа во Шабац, во денешна Србија. Работел како уредник во редакцијата на Детска радост при НИП Нова Македонија, како и во Македонска книга. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1949 година.[2]

Remove ads

Творештво

Васил Куноски е автор е на поголем број книги:[2]

  • Волшебното ливче (поема, 1951),
  • Гатанки и прашанки, во соавторство со Ванчо Николески (1951),
  • Белиот гостин (поема, 1952),
  • Песни (1953),
  • Каде е клучето (загатки, 1955),
  • Вредна рака црта вака (сликовница во стихови, 1956),
  • Ѓерданче (1956),
  • Зајче безопавче (1957),
  • Претпразнични вечери (1960),
  • Страшно, пострашно и најстрашно, (1963),
  • Ха-ха-ха и две-три ах (1964),
  • Светулки над треви (1964),
  • Тошо, Снешка и 101 смешка (хумористични песни, 1970),
  • Згоди и незгоди (1972),
  • Избор (1973),
  • Оро весело (поезија за предучилишна возраст, 1979),
  • Избор (1980),
  • Оро широко (поезија за предучилишна возраст, 1984),
  • Птици над рудини (1985)
  • Избрани дела I-II (1987).

Куноски е добитник на повеќе книжевни награди: Младо поколење, 13 Ноември, 11 Октомври (награда за животно дело во 1972). Неговите дела се преведувани на српски, хрватски, словенечки, албански, турски и руски јазик.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads