Графички техники и технологии
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Графички техники и технологии претставуваат материјали, постапки и начини на нивна употреба при печатење и создавање на уметнички дела графика. Карактеристично за овој медиум и начин на изработка на уметничките дела се: најпрво изработката на матрицата, од која цртежот или ликовната постапка се отсликува - втиснува на хартијата или некоја друга подлога. Исто така по правило во оваа техника графичките отпечатоци, благодарение на матрицата можат да се печатат во два и повеќе примероци - тиражи, со што графичкиот отпечаток, како уметничко дело заради својата мултиоригиналност е една од најдемократските и најдостапни уметнички дисциплини. Методот на графичките техники за обработка на матрицата - подлогата може да биде: механички, хемиски и фотохемиски. Според тоа како е изработен и обработен цртежот на матрицата, релјефно, длабинско или рамно, се разликуваат три главни графички методи на печатење: релјефно, длабинско и рамно соодветно.[1]


Remove ads
Главни графички техники
Графички методи
Механички метод
Овој метод вклучува само рачна изработка и претставува врежување во матрицата која може да е од дрво или метал. Врежувањето се врши со помош на графички алатки - ножеви, игли, длета, шила.
Хемиски метод
Хемискиот метод покрај рачната обработка вклучува и хемиски процеси на обработка на матрицата кои се познати како - нагризување или нагризување на металната плоча со киселини.
Фотохемиски метод
Овој метод подразбира дејство врз матрицата со помош на светлина и хемиски средства[3].
Remove ads
Техника на висок печат
Оваа техника на висок печат е обработка на плочата - матрицата на која што линиите и формите што сакаме да ги втиснеме на хартијата се на површината од матрицата а оние што не треба да бидат отпечатени, втиснати се под површината на матрицата.
Техника на длабок печат
Оваа техника подразбира - цртежот што сакаме да го втиснеме на хартијата од матрицата да се врежува во плочата. При печатењето, површината на плочата останува чиста и без боја а врежаните линии и форми се исполнети со боја која потоа се втиснува на хартијата. За графички подлоги, матрици, вообичаено се користат плочи од бакар, цинк, алуминиум, плексиглас. Цртежите се внесуваат на два начина: механички или хемиски.
Remove ads
Техника на рамен печат
Техниката на рамен печат подразбира печатење на цртежот и формите преку рамна плоча.
Галерија со примери од графички техники
- Четворицата јавачи 1496 - 98 од Албрехт Дирер , прикажани се Четирите јавачи на Апокалипсата
- Промена на престојот, од Пол Гоген 1899, дрворез, приватна колекција
- Печатење на линорез
- Бакрорез од Амбросиус Ханеман ( 1644)
- Света Агнеса, мецотинта од Џон Смит
- Жена во ресторан, сува игла од Лесер Ури
- Рембрант Херменсон ван Рајн, Богородица и дете со мачка, 1654, бакропис
- 1835, акватинта на која е прикажана првата изведба на операта Пуританци од Винченцо Белини
- Автопортрет со рака од скелет од Едвард Мунк
- Реклама за хектограф од 19 век
- A. мастило, B. гумен ракел, C. слика, D. фотоемулзија, E. свила F. отпечатена слика - Техника на ситопечат
- Машина за фотолитографија
- Франциско Гоја „Автопортрет“, циклус „Капричиос“, акватинта
- Франциско Гоја „Тоа е полошо“, циклус „Ужасите на војната“, бакрорез
- Франциско Гоја „Варвари“, циклус „Ужасите на војната“, бакропис
- Франциско Гоја „Предупредување“, циклус „Диспаратес“,акватинта
- Циклус Франциско Гоја „Диспаратес“, акватинта
- Циклус Франциско Гоја „Диспаратес“, акватинта
- Циклус Франциско Гоја „Тавромахија“, бакропис, акватинта
- Циклус Франциско Гоја „Тавромахија“, бакрорез, акватинта
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads