Грајмс

канадска музичарка From Wikipedia, the free encyclopedia

Грајмс
Remove ads

Клер Елис Буше (англиски: Claire Elise Boucher;[1] родена на 17 март 1988), професионално позната како Грајмс (англиски: Grimes) ― канадска музичарка, пејачка, текстописец и музички продуцент.[2][3] Нејзините стихови често содржат теми на научна фантастика и феминизам. Издала пет студиски албуми.

Кратки факти Грајмс, Роден(а) ...

На меѓународната музичка сцена се пробила со нејзиниот трет студиски албум Visions, издаден во 2012 година и кој и донел многу награди и признанија. Нејзината врска со бизнисменот Илон Маск, со кого има три деца, била предмет на широка медиумска покриеност.

Remove ads

Живот и кариера

Клер Елис Буше била родена на 17 март 1988 година[4] во Ванкувер, Британска Колумбија.[5] Има француско-канадско, украинско и италијанско потекло.[6][7][8][9] Во 2006 година, по матурирањето во средно училиште, се запишала на Универзитетот Мекгил во Монтреал, каде што студирала неколку дисциплини, вклучувајќи невропсихологија и руска литература.[10] Била избркана од универзитетот во декември 2010 година затоа што не ја посетувала наставата.[11][12][13]

Кариера

Според нејзината страница на Мајспејс, почнала да пишува музика под името Грајмс во 2007 година.[14] Во тоа време, Мајспејс им дозволувал на музичарите да наведат три музички жанрови, а таа за сите три навела дека се „грајм“ без воопшто да знае за каков жанр се работи.[15] Оттука потекнува и нејзиното уметничко име. Грајмс била самоука во музиката и во визуелната уметност.[16][17]

Thumb
Грајмс на настап на фестивалот South by Southwest во 2012 година

Во јануари 2010 година, Грајмс го издала нејзиниот прв албум, Geidi Primes.[18] Овој албум, инспириран од научно-фантастичниот роман Дина од Френк Херберт, ја прикажал нејзината склоност кон електронската музика и експериментални звуци.[18][19][20] Истата година, го издала и вториот албум, Halfaxa.[21]

По турнеите и позитивниот прием на нејзините први два албума, Грајмс во јануари 2012 година потпишала договор со издавачката куќа 4AD.[22][23] Нејзиниот трет студиски албум, Visions, бил издаден на 31 јануари 2012 година.[24] Албумот станал меѓународно популарен и ги содржел хитовите: „Oblivion“ и „Genesis“. Во 2013 година, списанието NME го вклучило на нивната листа од „500 најдобри албуми на сите времиња“.[25] На Јуно наградите, Visions ја освоил наградата за електронски албум на годината, а Грајмс била номинирана за музичар во подем на годината.[26] Грајмс, исто така, ја освоила наградата за уметник на годината на Webby Awards во 2013 година.[27][28]

Вториот сингл од албумот, „Oblivion“, бил прогласен за најдобра песна за 2012 година од страна на Pitchfork,[29] и во 2014 година исто така го рангирал синглот на прво место на нивната листа од „200 најдобри песни на деценијата досега“.[30]

На 26 јуни 2014 година, Грајмс објавила нова песна под наслов „Go“, продуцирана и отпеана заедно со Blood Diamonds. Песната првично била напишана за Ријана, но таа ја отфрлила.[31][32][33] Ролинг Стоун ја рангирала на четиринаесетто место на нивната листа од најдобри песни за 2014 година.[34] На 19 август 2014 година, Грајмс била вклучена во музиката за ремиксот на My Song 5 од групата Haim.[35][36]

На 15 март 2015 година, Грајмс и групата Bleachers ја објавиле нивната соработка, песната „Entropy“ за ТВ-серијата „Девојки“.[37] [38] Во текот на летото во 2015 година, Грајмс била на турнеја со Лана Дел Реј на неколку концерти од нејзината турнеја под наслов Endless Summer.[39][40]

Нејзиниот четврти студиски албум, Art Angels, бил издаден во ноември 2015 година. Албумот добил високи оценки од критичарите (88 од можни 100 на Metacritic),[41] и содржел песни како „Flesh Without Blood“ и „Kill V. Maim“. Art Angels бил прогласен за албум на годината од NME, Exclaim! и Stereogum.[42][43][44] Грајмс ја освоила „Меѓународната награда“ на Сокан наградите во 2016 година и наградата за музичар на годината на Харперс Базар за 2016 година.[45][46]

Thumb
Грајмс настапува на Lollapalooza во 2016 година

На 15 ноември 2019 година, објавила две верзии од синглот „So Heavy I Fell Through the Earth“[47] [48] и настапила на наградите за видео игри во организација на „4ÆM“ за да се претстави како Лизи Визи, лик чиј глас го позајмила во играта Cyberpunk 2077.[49][50] Албумот Miss Anthropocene бил издаден на 21 февруари 2020 година.[51][52] Овој концептуален албум се фокусира на теми поврзани со климатските промени и апокалиптични визии за иднината. Албумот означил промена на нејзината музичка насока, при што биле застапени потемни и експериментални тонови. Песните „Delete Forever“ и „Violence“ биле високо оценети од критичарите за нивната емоционална длабочина и за продукцијата.

На 5 март 2021 година, Грајмс потпишала со Columbia Records.[53][54][55] Нејзината песна „California“ беше прикажана во анимираниот филм Мичелови против машините.[56] Во јуни, се појавила во музичкото видео од Дожа Кет, „Need to Know“.[57][58]

Во јули 2021 година, Грајмс, заедно со will.i.am, Аланис Морисет, Ник Лачи и Роси Дијаз биле претставени како судии на Алтер Его, нова серија на натпревари за пеење.[59][60] Исто така, имала камео појавување во краткиот филм Discord: The Movie, заедно со Awkwafina, Дени Девито и Џеј Балвин.[61][62] На 30 септември, Грајмс објавила нова песна под наслов „Love“ снимена како одговор на нејзината разделба со Илон Маск и медиумското внимание кое го привлекла.[63] [64]

На 20 септември 2024 година, Грајмс објавила ремикс на песна под наслов „Supernova“, оригинално изведена од кеј-поп групата, Аеспа.[65]

Remove ads

Личен живот

Грајмс отворено зборува за користењето дрога во минатото и открила дека интензивно користела за време на создавањето на нејзиниот трет албум Visions во 2012 година, кога „ги затемнувала прозорците и пиела тони амфетамин и останувала будна три недели и не јадела ништо“.[66] Во 2014 година, напишала блог-статија во која изразила одбивност кон тешки дроги.[67][68]

Грајмс го прифаќа нејзиниот специфичен сигматизам[69][70][71] и не изразила желба да посетува говорна терапија за да го промени.[72] Грајмс изјавила дека е аутистична, велејќи дека претходно погрешно ѝ бил дијагностициран синдром на немирни нозе и шизоафективно пореметување. [73]

Врски

Од 2007 до 2010 година, Грајмс била во непостојана врска со Девон Велш, тогаш главен пејач на Majical Cloudz.[74] Од 2012 до 2018 година, Грајмс била во врска со електронскиот музичар Џејми Брукс,[75] кој ја поддржуваше на турнејата Visions настапувајќи под името Elite Gymnastics.[76] [77]

Во 2018 година, Грајмс започнала врска со деловниот магнат Илон Маск.[78] Во 2020 година, Грајмс родила син, а во 2021 година добиле ќерка преку сурогат-мајка.[79][80][81] Двојката се „полуразделила“ во септември 2021 година.[82] Во септември 2023 година, било објавено дека двојката добила уште еден син.[83][84] Подоцна истиот месец, Грајмс го тужела Маск поради родителски права над нивните деца пред судот во Калифорнија.[85][86][87][88]

Во март 2024 година, Грајмс објавила дека е во врска со американскиот диџеј Матео Милери, познат и како Анима.[89]

Remove ads

Дискографија

Студиски албуми

  • Geidi Primes (2010)
  • Halfaxa (2010)
  • Visions (2012)
  • Art Angels (2015)
  • Miss Anthropocene (2020)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads