Монтреал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Монтреал (француски: Montréal) — најнаселен град во канадската провинција Квебек, и вториот најнаселен град во Канада. Првично наречен Вил-Мари, или „Градот на Марија", Монтреал е именуван по врвот Ројал кој се наоѓа во центарот на градот. Градот се простира на островот Монтреал кој е именуван по истиот врв и на неколку многу помали периферни острови, од кои најголем е Ил Бизар. Монтреал има специфична континенална клима со четири сезони, топли и жешки лета и студени, но, снежни зими.
Според пописот во 2016 година, градот бил населен со 1.704.694 жители. Пошироката област на Монтреал е населена со 4.098.927 жители. Службен јазик на градот е францускиот јазик, јазик кој го зборуваат 49,8% од населението во градот. На англиски зборуваат 22,8% од населението а останатите 18,3% зборуваат други јазици. Во проширената област на Монтреал, 65,8% од населението зборува француски дома, во споредба со 15,3% кои зборуваат англиски. Монтреал е еден од градовите во Квебек и Канада каде има најголем процент на население кои говори два јазика; дури 59% од населението може да зборува англиски и француски. Монтреал е втор по големина главно француски град во светот, после Париз. Градот се наоѓа на 258 километри југозападно од градот Квебек.
Монтреал во минатото бил најглавниот центар за финансии и трговија во Канада, но, бил надминат од Торонто и во број на население и економска активност во 1970-тите години. Монтреал е сѐ уште важен центар за трговија, како и за воздушната, транспортната, финансиската, фармацевтската и технолошката индустрија. Исто е и центар за дизајн, образование, уметност, култура, туризам, храна, мода, игри, и филм. Монтреал има втор најголем број на конзулати во Северна Америка и е седиште на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство. Во 2006 година, Монтреал бил прогласен за град на дизајн на УНЕСКО. Во 2017 година, Монтреал бил рангиран за 12-тиот најубав град за живеење во светот од страна на единицата за информации на списанието Економист како и за најдобриот универзитетски град во светот според британската организација Квак-карели Симондс. Монтреал е домаќин на повеќе меѓународни конференции и настани, вклучувајќи ги и Меѓународната и Универзална изложба во 1967 година и Летните олимписки игри во 1976. Тоа е единствениот канадски град во кој се имаат одржани Летни олимписки игри. Во 2016 година, Монтреал бил рангиран за светски Бета град. Градот е домаќин на повеќе фестивали и светски настани кои се одржуваат секоја година, вклучувајќи ги и канадскатата Формула 1 Гран При, меѓународниот џез фестивал на Монтреал и фестивалот за комедија „Да се насмееме“.
Remove ads
Во градот се наоѓаат неколку стотина паркови и останати зелени површини. Најважна и најпозната зелена површина во Монтрéал е паркот Монт-Роyал. Овој парк во 1876година го дизајнирал американскиот пејзажен архитект Фредерик Ло Олмстед кој го дизајнирал и Централ паркот ВО Њујорк. ПаркОТ Монт Ројал има површинА од окоЛУ 2 км2. Останати поважни зелени површини во Монтреал се:


- Поажни паркови:
- Паркот Монт-Роyал (1,90 км2)
- Паркот Јеан-Драпеау (2,09 км2)
- Паркот Ренé-Лéвесqуе (0,14 км2)
- Околен комплекс Саинт-Мицхел (1,92 км2)
- Поважни урбани паркови:
- Паркот дес Рапидес (0,30 км2)
- Паркот Јаррy (0,36 км2)
- Променаде Беллериве (0,22 км2)
- Паркот Лафонтаине (0,36 км2)
- Паркот Ангригнон (0,97 км2)
- Паркот Маисоннеуве (0,63 км2)
- Паркови на природата:
- Цап Саинт-Јацqуес (2,88 км2)
- Îле-де-ла-Виситатион (0,34 км2)
- Поент о Прери (2,61 км2)
- Ostrov Бизард (2,01 км2)
- Боис-де-Лиессе (1,59 км2)
- Ансе-à-л’Орме (0,88 км2)
Remove ads
Партнерски градови
Алжир Алжир – 1999[1]
Холандија Амстердам
Израел Биршеба
Белгија Брисел
Романија Букурешт
Јужна Кореја Бусан – 2000[2]
Мароко Казабланка
Виетнам Ханој– 1997[3]
Јапонија Хирошима – 1998[4]
Франција Лион – 1979[5]
Никарагва Манагва
Филипини Манила – 2005[6]
Италија Милано – 1996
Доминиканска Република Мока – 2006
Франција Париз – 2006[7]
Хаити Порт о Пренс – 1995[3]
Италија Рим
Ел Салвадор Сан Салвадор – 2001[3]
Кина Шангај – 1985[8]
Ерменија Јереван – 1998[9]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads