Гребен (округ)
округ во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гребен (грчки: Περιφερειακή ενότητα Γρεβενών) — округ во Егејска Македонија (денес Грција). Администратицен центар е градот Гребен (Гревена). Голем дел од округот е планински, што го прави Гребен еден од најслабо населените окрузи во Грција. Создаден во 1967 г. од стариот округ Гребен-Кожани, во која што главен град бил Кожани. Се граничи со окрузите Јанина (Епир) на запад, Костур на северозапад, Кожани на север и исток, Лариса на југоисток и Трикала на југ.
Во планините спаѓаат Пинд на запад, Хасија на југозапад и југ и Црвена Гора на североисток. Најдолгата река е Бистрица која што тече низ источниот, централниот и северниот дел на округот.
Економијата на регионот се потпира на сточарство и земјоделство, екотуризам, шумска индустрија и скијачкиот центар Василица, којшто е популарно одредиште за зимските одмори.
Remove ads
Сообраќај
- Грчки меѓународен автопат 15, Ј, Цен., С
- Грчки меѓународен автопат 26, ЈИ
- Вија Егнација (суперавтопат)/E90, ЈЗ, Цен., СИ
Општини
Округот Гребен се дели на 2 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата)::[1]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads