Гребен (општина)

општина во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Гребен (општина)
Remove ads

Гребен (грчки: Δήμος Γρεβενών, Димос Гревенон) — општина во Гребенскиот округ на југозападот на Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Административен центар е градот Гребен (Гревена). Некои од селата во оваа општина традиционално се сметаат за кожански.

Повеќе информации Општина Гребен Δήμος Γρεβενών, Карта на општина Гребен ...
Remove ads

Населени места

Општината Гребен е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на 13 стари административни единици — општините Гребен (Гревена), Венци (Венѕи), Ираклеотес, Чирак (Агиос Козмас), Горѓани, Теодорос Зјакас и општинските целини Авдела, Месолово (Месолури), Периволи, Самарина, Филипишта (Филипеи), Дуско (Доцико) и Смикси.

Напомена: Три од горенаведените единици имаат новодадени грчки имиња што не соодветствуваат на ниеден топоним, и тоа: Горѓани, Ираклиотес и Теодорос Зјакас. Горѓани е наречена по манастир изграден во XX век, а единицата Теодорос Зјакас е наречена по херој од Грчката војна за независност.

Општинска единица Авдела

Thumb
Поранешната општинска целина Авдела на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Авдела се состои од само едно населено место — Авдела или Абдела (Αβδέλλα).

Општинска единица Венци

Thumb
Поранешната општина Венци на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Венци со седиште во Коприва (Книди) ги опфаќа следниве 16 населени места:

  • Општински оддел Коприва
  • Лочишно (Λαγκαδάκια, Лангадикија) — денес дел од Гостун, не се води одделно
  • село Песково (или Песко; Πιστικό, Пистико)
  • село Садовишта (или Сантовишта; Μικροκλεισούρα, Микроклисура)
  • Општински оддел Венци
  • Општински оддел Оксарх
  • Општински оддел Палеохор
  • Општински оддел Пилори
  • Општински оддел Саракин
  • Општински оддел Ториште
  • село Ториште (или Торишта; Ποντινή, Пондини)

Општинска единица Горѓани

Thumb
Поранешната општина Горѓани на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Горѓани со седиште во Кипурѓо (Кипурио) ги опфаќа следниве 7 населени места:

  • Општински оддел Кипурѓо
  • село Кипурѓо (или Кипурјо; Κηπουρείο, Кипурио)
  • Општински оддел Балтино
  • село Балтино (или Болтино; Καλλιθέα, Калитеја)
  • село Бозово (Πριόνια, Прионија)
  • Општински оддел Житово
  • село Житово (или Ситово; Σιταράς, Ситарас)
  • Општински оддел Лабаница
  • Општински оддел Пигадица
  • Општински оддел Турија

Општинска единица Гребен

Thumb
Поранешната општина Гребен на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Гребен ги опфаќа следниве 29 населени места:

  • Општински оддел Гребен
  • град Гребен (Γρεβενά, Гревена)
  • село Бура (Δοξαράς, Доксарас)
  • село Каламач (или Каламица; Καλαμίτσι, Каламици)
  • Општински оддел Агии Теодори
  • Општински оддел Гоблар
  • село Гоблар (или Коблар, Гобеларак; Μυρσίνα, Мирсина)
  • село Аспрокамб (Ασπρόκαμπος, Аспрокамбос)
  • Општински оддел Големо Серин
  • Општински оддел Добрани
  • Општински оддел Добратово
  • Општински оддел Калоки
  • Општински оддел Киркали
  • Општински оддел Конско (Гребен)
  • Општински оддел Пикровеница
  • Општински оддел Радовиште
  • Општински оддел Тривешт
  • село Тривешт (или Тривиш; Σύνδενδρο, Синдендро)
  • Општински оддел Фал
  • село Фал (Φελλί, Фели)
  • село Левтохор (Ελευθεροχώρι, Елевтерохори)

Општинска единица Дуско

Thumb
Поранешната општинска целина Дуско на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Дуско се состои од само едно населено место — Дуско (Δοτσικό, Доцико).

Општинска единица Ираклеотес

Thumb
Поранешната општина Ираклеотес на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Ираклеотес со седиште во Чурхли (Агиос Георгиос) ги опфаќа следниве 10 населени места:

  • Општински оддел Чурхли
  • село Чурхли (Άγιος Γεώργιος, Агиос Георгиос)
  • Општински оддел Дурвуништа
  • Општински оддел Конско (Бистрица)
  • село Конско (Ταξιάρχη, Таксикархис)
  • Општински оддел Кривци
  • Општински оддел Милја
  • Општински оддел Спата
  • село Спата (Πολύδενδρο, Полидендро)
  • Општински оддел Стихази
  • Општински оддел Сувин
  • село Сувин (Κοκκινιά, Кокинија)
  • село Нов Трабзон (Νέα Τραπεζούντα, Неја Трапезунда) новосоздадено

Општинска единица Месолово

Thumb
Поранешната општинска целина Месолово на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Месолово се состои од само едно населено место — Месолово (Μεσολούρι, Месолури).

Општинска единица Периволи

Thumb
Поранешната општинска целина Периволи на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Периволи се состои од само едно населено место — Периволи (Περιβόλι).

Општинска единица Самарина

Thumb
Поранешната општинска целина Самарина на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Самарина се состои од само едно населено место — Самарина (Σαμαρίνα).

Општинска единица Смикси

Thumb
Поранешната општинска целина Смикси на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Смикси се состои од само едно населено место — Смикси (Σμίξη).

Општинска единица Теодорос Зјакас

Thumb
Поранешната општина Теодорос Зјакас на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Теодорос Зјакас со седиште во Мавран (Мавранеи) ги опфаќа следниве 17 населени места:

  • Општински оддел Мавран
  • Општински оддел Воденско
  • Општински оддел Вреаштино
  • Општински оддел Делвино
  • Општински оддел Залово
  • Општински оддел Козмат
  • Општински оддел Лавда
  • Општински оддел Монахит
  • Општински оддел Спилио
  • село Спилио (или Спиљо; Σπήλαιο, Спилео)
  • Општински оддел Тиста
  • Општински оддел Туз
  • село Туз (Αλατόπετρα, Алатопетра)
  • Општински оддел Шарган

Општинска единица Филипишта

Thumb
Поранешната општинска целина Филипеи на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Филипишта со седиште во Филипишта (Филипеи) опфаќа три села:

  • Општински оддел Филипишта

Општинска единица Чирак

Thumb
Поранешната општина Агиос Козмас на картата на некогашниот округ Гребен.

Општинската единица Чирак со седиште во Радуништа (Мегаро) ги опфаќа следниве 12 населени места:

  • Општински оддел Радуништа
  • Општински оддел Бишово
  • село Бишово (Κυπαρίσσι, Кипариси)
  • Општински оддел Ванско
  • Општински оддел Вилија
  • Општински оддел Вравоништа
  • Општински оддел Лунци
  • село Лунци (или Лунч; Καλλονή, Калони)
  • Општински оддел Магер
  • село Магер (Δασύλλιο, Дасило)
  • Општински оддел Трикорфо
  • Општински оддел Чирак
  • село Чирак (или Мелидоништа; Άγιος Κοσμάς, Агиос Козмас)
  • село Горно Видиште (Άνω Εκκλησία, Ано Еклизија)
  • село Видиште (Εκκλησία, Еклизија)
Remove ads

Поранешни села

На територијата на општината се наоѓаат и следниве поранешни села:

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads