Греј (единица)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Греј (единица)
Remove ads

Греј (симб. Gy, Гр) е изведена SI-единица за впиена доза на јонизирачко зрачење (на пр. X-зраци) и се дефинира впиената доза во тело со маса од 1 килограм во кое со јонизирачко зрачење е внесена енергија од 1 џул.[1]

Thumb
Знак за опасност од радиоактивност

Единицата е наречена по англискиот физичар Луис Харолд Греј (1905-1965) и ја заменува традиционалната СГС единица рад (еднаква на 0,01 Gy), која во честа индустриска употреба во САД и покрај усилбите на националниот орган за станрадризација NIST.[2]

Remove ads

Дефиниција

Еден греј е еднаков на апсорпцијата на еден џул енергија во облик на јонизирачко зрачење, поделен со еден килограм материја.

Кај рендгенските и гама-зраците, ова се исти единици како сивертот (Sv). За да се избегне секаков ризик од забуна помеѓу впиената доза (од материја) и еквивалентната доза (од биолошко ткиво), потребно е да се користат соодветните псоебни единици, „греј“ и „сиверт“ наместо општо „џул по килограм“.

Remove ads

Рендген

Единицата рендген се дефинира како изложеност на зрачење еднакво на количината на јонизирачкото зрачење што ќе создаде полнеж од еден франклин (esu) во еден кубен сантиметар сув воздух при температура од 0 °C и стандардна атмосфера. Договорно, еден рендген е еднаков на 0,258 mC/kg (со вообичаена густина на воздухот од 1,293 кг/м3). Со енергија на јонизација на воздухот од 35 J/C, добиваме 1 Gy ≈ 111 R.

Remove ads

Поврзано

  • Бекерел - единица за радиоактивност
  • Рад (единица)
  • Рендген (единица)
  • Сиверт - изведена SI-единица за дозен еквивалент на зрачење

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads