Сиверт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сиверт (симбол: Sv) — специјално име за изведената SI-единица (J/kg) во која се изразуваат одредени изведени величини во дозиметријата и заштитата од зрачење .
Именувана е по Ролф Сиверт, шведски медицински физичар познат по неговата работа во подрачјето на радијационата дозиметрија, радијационата заштита и истражување на биолошките ефекти на јонизирачкото зрачење.
Специјалното име сиверт кое ќе се користи за именување на изведената SI-единица (J/kg), е предложено од ICRU (Меѓународната комисија за радијациони единици) во 1977, а предлогот е усвоен од 16-та Генерална конференција на CIPM во октомври 1979 со резолуција бр: 5. Сивертот ја заменува старата единица rem
100 rem = 1 Sv.
Remove ads
Со цел да се избегне конфузијата околу употребата на сиверт, во 1984 година CIPM (Comité International des Poids et Mesures) го изгласа следното појаснување:
Величината дозен еквивалент претставува производ на впиената доза D на јонизирачко зрачење, бездимензионалниот фактор Q (фактор на квалитет) и факторот N (резултат на останати придружни фактори):
H = Q · N · D
Така за одреден тип на зрачење Н и D се разликуваат по вредност, иако и двете величини се изразуваат во J/kg.
Затоа за да се избегне ризикот од конфузија, D (впиената доза) се изразува со единица со специјално име греј (Gy), додека дозниот еквивалент се изразува со единица со специјално име сиверт ( Sv).
Remove ads
Изведени величини во радијационата дозиметрија и заштита
Изведените величини за потреби на радијационата дозиметрија и заштита се воведени од страна на ICRP (Meѓународна комисија за радијациона заштита) и прифатени од Меѓународното биро за мерки (BIPM) за да се измерат биолошките ефекти на јонизирачкото зрачење резултат на одредена впиена доза, измерена во грејови.
- Амбиентален дозен еквивалент
- Дирекционен дозен еквивалент
- Персонален дозен еквивалент
2. Впиена доза од ткиво или орган
- Очекувана еквивалентна доза
4. Делотворна доза
- Очекувана делотворна доза
- Колективна делотворна доза за население
Remove ads
Q вредности
Еве некои вредности за квалитативниот фактор:
- Фотони, сите енергии : Q = 1
- Електрони и миони, сите енергии : Q = 1
- Неутрони,
- енергија < 10 keV : Q = 5
- 10 keV < енергија < 100 keV : Q = 10
- 100 keV < енергија < 2 MeV : Q = 20
- 2 MeV < енергија < 20 MeV : Q = 10
- енергија > 20 MeV : Q = 5
- Протони, енергијата > 2 MeV : Q = 5
- Алфа-честички и други атомски јадра : Q = 20
N вредности
Еве некои N вредности за органи и ткиво:
- Гонади: N = 0,20
- Коскена срж, дебело црево, бел дроб, стомак: N = 0,12
- Бешика, мозок, града, бубрег, црн дроб, мускули, хранопровод, панкреас, тенко црево, слезина, штитна жлезда, матка: N = 0,05
- Површина на коската, кожа: N = 0,01
И за други организми, поврзани со луѓето:
Remove ads
Извори
- www.bipm.org
- www.npl.co.uk Архивирано на 23 септември 2006 г.
- www.icrp.org
![]() |
Оваа SI-единица е именувана по Ролф Сиверт. За сите SI-единици чии што имиња се изведени од правилното име на некоја личност, првата буква на нејзиниот симбол е голема буква (Sv). Но кога се пишува некоја SI единица со букви, треба секогаш да биде напишана со мала буква (сиверт), освен ако со неа започнува некоја реченица или пак претставува име, на пример „степен Целзиусов“. - засновано на Меѓународниот систем на единици, Став 5.2. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads