Григори Хаџи Јорданов

македонски свештеник, преведувач и автор на црковни книжевни дела и ракописи From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Григори Хаџи Јорданов (прва половина на 19 век во Ваташа — ) — македонски свештеник, преведувач и автор на црковни книжевни дела и ракописи.[1][2][3][4]

Животопис

Бил поп или како што и самиот за себе велел свештеник во ваташката црква. Од крајот на 19 век или поточно во 1897 и 1898 година составил поголем број црковни ракописи. Неговите ракописи можат да се разгледуваат од два аспекта како дијалектолошки јазичен материјал и како книжевни дела, бидејќи покрај канонските текстови составил и свои лични творби за разни богослужбени потреби, како и коментари кон црковно канонските текстови. Тој и кога препишувал одбирал што ќе препише од богатата црковна литература и го прилагодувал за своите верници, преведувајќи го на разбирлив јазик.[2]

Меѓу другите материјали зачувани се:[2]

  • Литургиски зборник 35 листа,
  • Службеник 69 листа,
  • Требник 244 листа.
  • Богословски зборник со толкувања на светото писмо 11 листа.
  • Празничен пентикостар 68 листа.
  • Литургиски зборник 126 листа и други.

Неговите дела кои содржат десет одделни ракописи или 2000 страници претставуваат една мала црковна библиотека, од кои може да се види кои текстови го интересираат обичниот македонски човек и која била негова главна литературна преокупација при крајот на минатиот век. Овие ракописи денес се наоѓаат во трезорот на НУБ Св. „Климент Охридски”, а еден негов ракопис од Богословскиот зборник се чува во Филозофскиот факултет, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Овој ракопис бил познат уште од порано, но дури сега со споредувањето со новооткриените ракописи е утврдено дека е напишан од Григори Хаџи Јорданов.[2]

Една улица во Кавадарци е именувана со неговото име.[5]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads