Филозофски факултет - Скопје

македонска академска установа и одделение на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia

Филозофски факултет - Скопје
Remove ads

Филозофски факултет - Скопјефакултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и прва високообразовна установа во Македонија.

Кратки факти Вид, Основан ...
Remove ads

Историја

Предвоен Филозофски факултет

Thumb
Зградата на стариот филозофски факултет во Скопје во 1920-тите

Филозофскиот факултет во Скопје почнал со работа во 1920 година, како автономен огранок на Белградскиот универзитет.[1] Факултетот се задржувал на општествени науки, со неуспешен обид да добие природно-математички отсек. Насоките на студирање биле поделени во групи: антропогеографска, народен јазик, народен јазик и книжевност, народна книжевност, словенска група, класична група, романска група, германска група, народна историја, општа историја, компаративна книжевност, етнолошка група, филозофска група, психолошка група и педагошка група.

Поради политиката на србизација на македонскиот народ во рамките на Кралството СХС, наставата била одвивана на српски јазик. Прв негов декан бил Тихомир Остојиќ. Факултетот работел сè до 1941 година, кога ректоратот во Белград издал наредба за престанок на дејноста поради немирите во земјата против потпишаниот пакт на Југославија со Германија и Втората светска војна.

Remove ads

Преосновање во повоена НР Македонија

Прашањето за отворање на македонски универзитет било започнато уште пред конечното ослободување на Македонија, на третата седница на Президиумот на АСНОМ (2-5 септември 1944 година). На 16 април 1945 година Народното собрание на Македонија усвоило два законски текста од кои со првиот било дадено овластување на Президиумот на Народното собрание на Македонија да изработи Закон за Универзитетот во Скопје кој би содржел прописи со кои ќе би се осигурала работата на Универзитетот на науките и високото стручно образование во согласност со тековините на Народноослободителната борба и со потребите на новата државна заедница, а со вториот било дадено овластување од страна на Народната влада на Македонија да пропишува уредби за високите школи и академии.

Со Заповед бр. 375, од 7 ноември 1945 година, на министерот за просвета на Демократска Федерална Македонија Никола Минчев била образувана комисија во состав: Михаил Петрушевски, Харалампие Поленаковиќ, Ѓорѓи Шоптрајанов и Блаже Конески. Комисијата донела заклучок да предложи на Министерството за просвета да биде отворен универзитет во Скопје, а како прва факултетска установа да биде отворен Филозофскиот факултет со два отсека: Историско-филолошки и Природно-математички. Со Заповед бр. 338 на 18 јуни 1946 година Министерот за просвета назначил нова комисија, во која освен горенаведените бил вклучен и Љубен Лапе (нешто подоцна во неа влегол и Јован Трифуноски), која би се занимавала со организацијата на новиот универзитет. Во текот на годината остварени биле огромен број на врски со останатите југословенски универзитети, кои во најголема мера, ги обезбедиле техничките и дел од кадровските потреби на новиот универзитет. Исто така, бил образуван Одбор, составен со претставници на останатите три универзитети во Југославија, кој ја надгледувал организациската работа.

Отворањето на Филозофскиот факултет било извршено на 29 ноември 1946 година, а првите предавања биле одржани на 16 декември 1946 година. На почетокот предавале 20 наставници и еден асистент, додека настава слушале 548 студенти, од кои 427 редовни и 121 вонреден студент. На факултетот функционирале шест студиски групи на Историско-филолошкиот оддел и пет студиски групи на Природно-математичкиот оддел. Во рамките на Историско-филолошкиот оддел, својата работа ја започнале студиските групи македонски јазик, југословенска книжевност, историја со историја на уметноста, романска филологија, класична филологија и филозофија со педагогија, а на Природно-математичкиот оддел постоеле студиските групи математика, физика, хемија, биологија и географија со етнологија.

Во 1958 година, од Филозофскиот факултет бил издвоен Природно-математичкиот оддел во посебен Природно-математички факултет. Од учебната 1974/1975, пак, од филолошките студиски групи бил создаден Филолошкиот факултет. Во учебните 1973/1974 и 1974/1975, биле отворени четири нови студиски групи, и тоа за историја на уметноста со археологија, психологија, социологија и за општонародна одбрана. Во рамките на Филозофскиот факултет, била припоена и тогашната Виша школа за социјални работници и продолжила да работи како посебна студиска група на ниво на вишо (двегодишно) образование, а од учебната 1987/1988 била подигната на факултетско (четиригодишно) образование. Од учебната 1993/1994 година во рамките на Институтот за педагогија се отворени студии по дефектологија во траење од четири години. Подоцна, во учебната 1996/1997 со посебна одлука на Наставно-научниот совет студиите по дефектологија продолжиле да работат како посебен Институт за дефектологија.

Од Филозофскиот факултет или со негова помош се создадени и Институтот за национална историја, во 1948, и институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” во 1953. Филозофскиот факултет има значајна улога во основањето на Македонската академија на науките и уметностите (основана во 1967), бидејќи тој го дал основниот кадровски елемент.

Од основањето па заклучно со 30 септември 1995 година, дипломирале вкупно 8.202 студенти, а заклучно со учебната 2002/2003 магистирирале 211 и докторирале 218 лица.

Први професори

Првите осуммина професори биле:

Конституирањето на првиот Наставнички совет било извршено на 27 ноември 1946 година, кога била избрана и првата факултетска управа. За декан бил избран Михаил Петрушевски, а за продекан бил избран Фран Петре.

Remove ads

Институти

Филозофскиот факултет денес е составен од десет институти:

На факултетот дејствуваат и две катедри кои изведуваат настава и на други факултети, и тоа катедрата за дефендологија и катедрата за хуманистички студии. На Факултетот постои и Катедра за УНЕСКО за унапредување и развој на науката и создавање услови за вклучување во меѓународни програми, како и четири центри, меѓу кои балканскиот центар за проучување на мирот, центарот за образование и истражување, анкетниот истражувачки центар и националниот центар за континуирано образование, како и социјалниот центар.

Значење

Филозофскиот факултет не е значаен само по тоа што е прв современ факултет на територијата на Република Македонија. Имено, тој ги воспоставил темелите на македонската научна дејност, давајќи ги првите високообразовани кадри на територијата на земјата, а е посебно важен во доменот на општествените истражувања како зародиш на повеќе особено битни установи за македонската државност како МАНУ, институтот за национална историја, институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” и други. Факултетот е добитник на престижната републичка награда „11 Октомври” во 1976 година.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads