ДНК-лигаза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во молекуларна биологија, ДНК-лигазата е посебен тип на лигаза (со ензимски код 6.5.1.1) која може да се поврзе за две комплементарни ДНК-низи кои се раскинати. Единечната раскината низа се фиксира (спојува) со различен тип на ДНК-лигаза која ја користи комплементарната низа како шаблон, но сепак е потребна ДНК-лигазата за да се создаде конечната фосфодиестерска врска за целосна поправка на ДНК.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
ДНК-лигазите се употребуваат при поправката на ДНК и при репликацијата на ДНК. Исто така, ДНК-лигазата има широка употреба во лабораториите по молекуларна биологија во експерименти за генетска рекомбинација.
Remove ads
Механизам на дејство
Суштината на механизмот на ДНК-лигазата се состои во формирање на две ковалентни фосфодиестерски врски меѓу 3' хидроксилните краеви на еден нуклеотид со 5' фосфатниот крај на друг нуклеотид. За оваа лигазна реакција е потребен ATP. Дејството на ДНК-лигазата врз молекулата на ДНК се нарекува лигација.
Сликовит приказ за дејството на лигазата може да се даде на следниот начин (со лепливите краеви):
Лигазите ќе дејствуваат и со тапи краеви на ДНК, иако за ова се потребни различни ензимски концентрации и различни реакциони услови.
Remove ads
Лигази кај цицачите
Кај цицачите постојат четири посебни типови на лигази.
- ДНК-лигаза I: врши лигација на насцентна ДНК од неводечките низи откако ДНК-полимераза I ќе го отстрани РНК прајмерот од Оказаки фрагментите.
- ДНК-лигаза II: алтернативно сплајсирана (splice) форма на ДНК-лигаза III која може да се најде кај сите клетки кои не се во делба.
- ДНК-лигаза III: комплекси со белковината за ДНК поправка XRCC1
- ДНК-лигаза IV: комплекси со XRCC4.
Некои форми на ДНК-лигаза кај бактериите (обично поголеми) побаруваат NAD како кофактор, додека други форми (најчесто присутни кај E. coli и обично помали) побаруваат ATP.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
