Даме Груев (населба)

населба во Општина Ѓорче Петров, Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia

Даме Груев (населба)
Remove ads

Даме Груев — населба во Скопје, на подрачјето на Општина Ѓорче Петров. Исто така овој дел од Скопје се препознава како населба Ге-Ге, и го опфаќа просторот околу улицата Лука Геров. Населбата се простира на 2,5 км2 и има приближно 20 000 жители (Македонци - 80 %, Роми - 15 %, останати - 5 %). До осумдесеттите години ова место било ретко населено и било познато како „Гола Гузица“ (Ге-Ге). Главната улица (денеска „Лука Геров“) бил патот кој водел до с. Ново Село, па затоа за некои ова место било познато уште како и „Новоселски Пат“. Кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите значително е зголемен бројот на куќи, а подоцна и згради со што нагло се зголемува населението и се формира месна заедница, а населбата го добива името „Даме Груев“.

Thumb
Поглед на населбата (фотографирано над Скопската обиколница)
Thumb
Даме Груев на картата на Општина Ѓорче Петров.

Бидејќи населбата е релативно нова, нејзиниот урбанистички план е модерен со прави улици хоризонтално и вертикално во налик на шаховска табла . Позначајни објекти се основното училиште „Страшо Пинџур“, детската градинка „Пампурче“[1], касарната „Ѓорче Петров“, најновиот центар за технички преглед на возила, воениот отпад и друго. Северно од населбата поминува реката Лепенец.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви
Археолошки наоѓалишта
  • Гологузица — осамен наод, гроб на кремиран покојник од римско време

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads