Дамоклоид

вид астероид со кометна орбита From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Дамоклоиди — класа на мали планети кои имаат орбити со големо занесување типични за комети како Халеевата, но без кома или опашка. Класата е наречена по првото откриено тело од овој вид, астероидот 5335 Дамокло. Според англискиот астроном Дејвид Џуит, дамоклоидот е тело со Тисеранов параметар во однос на Јупитер од 2 или помалку (TJ 2),[1] додека пак според јапонскиот астроном Акимаса Накамура, групата треба да го задоволи орбиталниот критериум:[2]

  • q < 5,2 ае, a > 8,0 ае и e > 0,75,
  • или пак i > 90°

Меѓутоа, втората дефиниција која не се осврнува на Јупитер ги изоставува објектите како (127546) 2002 XU93, 2003 WG166 и 2004 DA62.[3]

Користејќи го Тисерановиот параметар во однос на Јупитер од 2 или помалку, денес се познати 155 потенцијални дамоклоиди.[4] Од нив, 122 имаат орбитални лакови поголеми од 30 дена под услов на умерена орбита.[1][5] Имаат просечен полупречник од 8 км претполагајќи албедо од 0,04. Измерени се албедата на четири дамоклоиди, и утврдено е дека тие се меѓу најтемните објекти во Сончевиот Систем. Дамоклоидите имаат црвеникава боја, но не толку црвена како многу објекти од Кајперовиот Појас или кентаурите. Други членови на дамоклоидната класа се 2013 BL76, 2012 DR30, 2008 KV42, (65407) 2002 RP120 и 20461 Диоретса.

Повратните објекти како Халеевата Комета и дамоклоидот (343158) 2009 HC82 достигнуваат брзини (релативни на Земјата) од 81 км/с (290.000 км/ч).[6]

Remove ads

Потекло

Се смета дека дамоклоидите се всушност јадра на комети од халеевски вид кои го потрошиле сиот испарлив материјал испуштајќи гасови и со тоа станале „заспани“. Ваквите комети веројатно настануваат во Ортовиот Облак. Постојат низа објекти сметани за дамоклоиди (добиле привремени ознаки), кои потоа покажале кома и така биле препознаени како комети. Такви се C/2001 OG108 (LONEOS), C/2002 CE10 (LINEAR), C/2002 VQ94 (LINEAR), C/2004 HV60 (Спејсвоч) и др. Друг показател за нивното кометно потекло е фактот што некои дамоклоиди имаат повратни орбити, за разлика од останатите мали планети (астероиди).

Remove ads

Список

Ова есписок на 18 тела со бројна ознака и 165 тела од SBDB на JPL кои ги задоволуваат критериумите за дамоклоиди според сознанијата во јануари 2020 г. Ова значи дека имаат повратна орбита, или го содржат следниве орбитални елементи: q < 5,2 ае, a > 8,0 ае и e > 0,75. Даден е и Тисерановиот параметар во однос на Јупитер (TЈуп). Критериумите на Акимаса Накамура и TЈуп помал од 2 во голема мера се рамносилни, бидејќи само мал број тела не го преминуваат утврдениот праг на TЈуп. Највеќето дамоклоиди се наведени во списокот на ЦМП на други необични астероиди.[7] Орбиталните податоци се од базата на тела со и без бројни ознаки на JPL.[8] Тука се вклучени и некои комети, но не е хиперболичните тела како A/2019 G4, Оумуамуа и 2I/Борисов, кои се две меѓуѕвездени тела. Дамоклоид § Белешки)

Повеќе информации Ознака, a (ае) ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads