Данил Граорковски - Галичанчето
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Данил Граорковски - Галичанчето (18 мај 1925 во Галичник — 1944 во Прилеп, Македонија)— македонски партизан, учесник во НОБ.[1]
Животопис
Основно училиште завршил во родното село. Потоа заминал на печалба во Белград каде останал до 6 април 1941 година. По капитулацијата на Кралството Југославија, тој се вратил во Скопје и работел како млекарски и угостителски работник.
Пролетта 1944 година, тој бил примен за член на СКОЈ. Како скоевец, тој зел активно учество во НОВ и ПОЈ. Тој се приклучил на 11 македонска ударна бригада и бил распределен во II баталјон. Учествувал во сите дејствија на Бригадата, особено во борбите за ослободувањето на Прилеп, каде загинал во директна борба со германски единици.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads