Данијел Љубоја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Данијел Љубоја (роден на 4 септември 1978 година) бил поранешен професионален српски фудбалер кој настапувал на позицијата напаѓач.

Тој бил познат по своите пас проигрувања. Данијел ја претставувал репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Светското првенство во фудбал во 2006 година.
Кариера
Клупска кариера

Данијел Љубоја е роден во Винковци, СР Хрватска, СФР Југославија од родители Срби.[1] Таму настапувал во младинските екипи на НК Динамо од Винковци, НК Осијек, а подоцна и во екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Тој во подоцнежниот период се преселил во Франција каде што професионална кариера најпрво ја започнал со екипата на Сошо и тоа во сезоната 1998-99. Љубоја својот прв натпревар за составот на Сошо го имал на 11 септември 1998 година кога влегол како замена во 76 минута на местото на Ентони Сируфо, во поразот со 2:1 против екипата на Лион. Подоцна на 31 октомври 1998 година тој го постигнал својот прв гол, а постигнал и уште еден, во победата од 4:0 над екипата на Монпелје. Сепак, во неговата прва сезона во новиот клуб, екипата на Сошо испаднала во Лига 2. Наредната сезона, Љубоја многу брзо станал важен член на првиот тим и ја започнал својата голгетерска форма, вклучително и хет-трикот во победата на 15 април 2000 година од 5:1 над екипата на Кретеј. На крајот на сезоната, голгетерската форма на Љубоја го довела многу блиску да стане најдобар стрелец за клубот, но сепак го заземал второто место веднаш зад соиграчот Амара Траоре. Клубот на крајот на сезоната не бил во можност да се врати назад во Лига 1. За неговиот двегодишен престој во тимот, тој одиграл вкупно 62 натпревари и притоа постигнал 20 гола.
По неговиот престој во екипата на Сошо, Љубоја се преселил во сезоната 2000-01 во составот на Стразбур. Во својата прва сезона за новиот клуб, тој започнал со доста споро темпо, постигнувајќи само три гола на дури триесет натпревари. Клубот испаднал од првата лига и покрај тоа што го освоил финалето на Купот на Франција, победувајќи го составот на Амјен, во финалето со резултат од 5:4 по изведување на пенали.[2] Наскоро во својата втора сезона, Љубоја се вратил во старата форма, постигнувајќи вкупно петнаесет голови за клубот. Екипата на Стразбур успеала да се врати во најелитното друштво. Љубоја, имал одиграно два натпревари во натпреварувањето во Купот на УЕФА, постигнувајќи притоа и два гола против белгискиот тим на Стандард од Лиеж. Сепак неговиот тим испаднал од тоа натпреварување бидејќи на првиот натпревар забележал пораз со резултат од 2:0. Екипата на Стразбур настапувала на евро сцената поради освојувањето на францускиот куп во минатата сезона. Наредната сезона, во која француската лига била преименувана во Лига 1, голгетерската форма на Љубоја избледнала. Тој постигнал само десет гола. Клубот успеал да остане во Лига 1. Наредната сезона, Љубоја формирал партнерство со новопристигнатиот соиграч Мамаду Нианг. Со него настапувал во краток период пред да замине од екипата на Стразбур во составот на ПСЖ. По неговото заминување во ПСЖ, Љубоја имал одиграно 123 натпревари во лигата постигнувајќи вкупно 34 гола. Во месец декември 2003 година, Данијел Љубоја бил поврзуван со ривалот од Лига 1, составот на Париз Сен Жермен[3] и со два други непознати клубови од Премиер лигатата.[4]
Париз Сен Жермен
За време на преодниот рок 2003–4 во месец јануари, Љубоја се преселил од екипата на Стразбур во составот на Пари Сен Жермен за сума од 3 милиони евра.[5] Во својата прва полусезона во екипата на ПСЖ, тој имал добар почеток, постигнувајќи шест гола, од кои четири гола во три последователни натпревари. Неговиот нов клуб успеал да го освои Купот на Франција, победувајќи го составот на Шаторо со резултат од 1:0. За време на неговиот престој во ПСЖ, тој се соочил со голема конкуренција и тоа од напаѓачите како Паулета и Фабрис Панкрат.
Во пресрет на сезоната 2004-05, Љубоја набрзо имал несогласувања со тренерот Вахид Халилхоџиќ откако тренерот не бил задоволен од односот на Љубоја на претсезонските тренинзи, поради што не тренирал последните два дена поради болка во грбот.[6] Ова довело до шпекулации за трансфер во ФК Монако.[6] И покрај напнатоста, првиот тим на Љубоја не бил оштетен. Меѓутоа, во септември 2004 година Љубоја бил згрозен од халилхоџиќ откако тој не бил вклучен во натпреварот против Монако[7] и бил изоставен од првиот тим и покрај недостатокот од напаѓачи во клубот.[8] Љубоја за еден медиум изјавил дека Халилхоџиќ не му дал објаснување пред натпреварот и дека 100 проценти бил посветен во ПСЖ.[9] Во јануарскиот преоден рок, кога ПСЖ ги објавил своите намери да го продаде Љубоја.[10] Љубоја бил поврзуван со клубови низ цела Европа како ФК Барселона,[11] Малага,[12] ФК Саутхемптон[13] и ФК Тотенхем Хотспар.[14] Сепак, никаков потег не бил направен, бидејќи Љубоја сакал да остане во клубот.[15]
Сезоната 2004–05 не била успешна за Љубоја, бидејќи успеал да постигне само два гола. Неговата форма била во надолна линија, а клубот завршил на деветтото место на конечната табела. Во текот на сезоната, тој одиграл пет натпревари со тимот во Лигата на шампионите на УЕФА. Љубоја постигнал вкупно седум голови во 42 првенствени натпревари.
Приклучување кон германските клубови
Во 2005 година, тој преминал во германскиот клуб Штутгарт, на почетокот како позајмен играч.[16] Бил поврзуван со клубови како Мајорка,[17] Марсеј[18] и Болтон.[19] По доаѓањето во Штутгарт, Љубоја изјавил дека го напуштил составот на ПСЖ, не поради одмаздата што ја добил минатата сезона, туку за да го одржи својот фудбалски ритам пред Светското првенство.[20] Неколку седмици подоцна, на 10 септември 2005 година, Љубоја го одиграл својот прв натпревар, во нерешениот натпревар со резултат од 1:1 со екипата на Арминија од Билефелд, а еден месец подоцна, на 23 октомври 2005 година тој го постигнал својот прв гол, во нерешениот натпревар со резултат од 1:1 со составот на Баер од Леверкузен. Три дена пред да го постигне својот прв гол во Бундеслигата, Љубоја го постигнал својот прв гол и во Купот на УЕФА во победата од 2:0 над екипата на Рен. Тој постигнал гол и во победата од 2:0 над составот на ПАОК.[21] Во екипата на Штутгарт, тој формирал впечатливо партнерство со соиграчот Џон Дал Томасон. До крајот на сезоната, тој постигнал вкупно осум гола, а клубот завршил на деветтото место.
Тој бил договорен во месец април 2006 година (до 2009 година), но со тоа неговиот приход, бил половина исплатен од екипата на ПСЖ. Сепак приходот му бил значително намален.[22] Иако имал важечки договор, од екипата на Штутгарт тој ја барал истата плата што ја земал претходно во екипата на ПСЖ. Поради тие несогласувања од екипата на Штутгарт му рекле да си побара нов клуб во летото 2006 година. Љубоја бил оставен да тренира со резервниот состав на Штутгард, тим кој се натпреварувал во третата германска лига.
Во месец август 2006 година, Љубоја бил префрлен како позајмен играч во учесникот во Лигата на шампионите во составот на Хамбургер за период од една година со можност потоа да биде договорот целосно откупен.[23] Љубоја, на почетокот, оставил добар впечаток постигнувајќи гол на својот прв натпревар, во првото коло на ДФБ-Покал (купот), во поразот со резултат од 4:3 против екипата на Штутгартер Кикерс. Својот прв натпревар во лигата го имал на 16 септември 2006 година во поразот со 1:0 против екипата на Борусија од Дортмунд, а својот прв гол го постигнал, една седмица подоцна, на нерешениот натпревар со резултат од 2:2 против екипата од Франкфурт. Тој одиграл шест натпревари со тимот во Лигата на шампионите на УЕФА. Подоцна, во тимот на Хамбург тој бил деградиран и вратен во резервниот тим, бидејќи не сакал, односно одбивал да учествува на тимските брифинзи за новинари. Екипата на Хамбургер не ја искористила својата опција за да го откупи договорот на Љубоја, па тој се вратил во составот на ВфБ Штутгарт на крајот од сезоната.
По неговото враќање, во екипта на ВфБ Штутгарт тој барал да го префрлат во некој друг клуб и тој веднаш бил ставен во резервниот состав на Штутгарт. Љубоја рекол дека сакал да се врати во Франција,[24] имајќи желба што побрзо да го напушти Штутгарт,[25] но неговите напори биле безуспешни. На крајот на месец јули, тој бил поврзуван со италијанската екипа на Сиена, но сепак трансферот не се реализирал. Тој бил поврзуван со преселба во екипата на Фулам, затоа што извесен период бил таму на проба.[26] Во тој период Љубоја бил дел од резервниот тим на ВфБ Штутгарт кој се натпреварувал во Регионалната лига.
Во месец јануари 2008 година, Данијел Љубоја до крајот на сезоната бил испратен како позајмен играч во составот на ВфЛ Волфсбург. Претходно, извесно време тренирал со екипата на Волфсбург.[27] Својот прв натпревар за новиот клуб го имал на 2 февруари 2008 година, во нерешениот натпревар со резултат од 1:1 против екипата на Арминија од Билефелд. Еден месец подоцна, тој го постигнал својот прв гол во нерешениот натпревар од 1:1 против составот на Хамбург. На крајот на сезоната, екипата на Волфсбург не ја искористила можоста за трајно потпишување на договорот со напаѓачот Љубоја.
Во месец јули 2008 година, тој бил вратен во милост на раководството и бил во приклучен во првиот тим на екипата на ВфБ Штутгарт, но повторно бил деградиран на 5 февруари 2009 година во резервниот тим ВфБ Штутгарт II. Таму останал до крајот на неговиот договор, односно до месец јуни 2009 година.[28][29] Во месец јуни 2009 година, Љубоја си заминал по цели три години минати во Штутгарт и веднаш станал слободен агент (слободен играч).
Враќање во Франција
По четири години минати во Германија, Данијел Љубоја на 23 јули 2009 година се вратил во Франција, потпишувајќи со екипата на Гренобл Фут 38. Својот прв натпревар со новиот клуб во лигата го имал на 8 август 2009 година на воведниот натпревар на клубот во сезоната, во поразот од 2:0 на домашен терен од составот на Марсеј, влегувајќи на местото на соиграчот Јосип Тадиќ. На наредниот натпревар, тој го постигнал својот прв гол, во поразот со резултат од 2:1 од екипата на Булоњ. На 8 мај 2010 година, тој постигнал гол во победата со резултат од 2:0 над екипата на Булоњ.[30] На крајот на сезоната екипата на Гренобл испаднала во понизок ранг, односно во Лига 2. И покрај испаѓањето, тој имал добра сезона, постигнувајќи десет гола на триесет и четири натпревари. Љубоја во новата сезона одиграл уште три натпревари за клубот, пред да замине во екипата на Ница.
На 31 август 2010 година (крајниот рок за трансфер), тој потпишал за екипата од Лига 1, за составот на Ница, за сума од 300 илјади евра.[31][32] Својот прв натпревар за екипата на Ница го имал во лигата на воведниот натпревар на клубот од сезоната, во победата со резултат од 2:1 над составот на Бордо. Една седмица подоцна, тој го постигнал својот прв гол во поразот со резултат од 2:1 од екипата на Рен. Тој, постигнал два гола на 11 мај 2011 година во победата со резултат од 3:2 над екипата на Арл-Авињон. По не баш успешна сезона, Љубоја завршил со шест постигнати голови во сите натпреварувања. Подоцна го напуштил клубот на Ница.
Легија од Варшава
По една сезона во помината во екипата на Ница, тој повторно го променил својот клуб, овојпат потпишувајќи со полскиот клуб од Екстракласа, Легија Варшава. Договорот бил со важност од една година.[33] Својот прв настап за новиот клуб го имал на воведниот натпревар на клубот во сезоната, во победата од 3:1 над составот на КС Краковија. Тој постигнал два гола во победата од 3:1 над составот на Гурник од Забже. Постигнувајќи три гола на четири натпревари, Љубоја бил награден со наградата за играч на месецот.[34] На 29 септември 2011 година, постигнал гол и реализирал една асистенција во победата од 3:2 над израелскиот тим Хапоел Тел Авив во групната фаза на Лига Европа. Подоцна во текот сезоната, тој постигнал вкупно единаесет гола, со што станал најдобар стрелец на клубот во тековната сезона. Во месец април 2012 година, потпишал нов едногодишен договор со клубот.[35] Во својата прва сезона во клубот, тој го освоил Купот на Полска за 2012 година.[36]
Наредната сезона, Љубоја ја започнал со два постигнати голови во квалификациите за Лигата на Европа, и тоа двете средби одиграни против составот на СВ Рид. Неговите перформанси станале подобри во лигашкиот дел, кога постигнал хет-трик на воведниот натпревар од сезоната, во победата од 4:0 над составот на Корона од Киелце. Кон крајот на месец ноември, неговите одлични настапи можеле да го направат легендарна икона во клубот.[37] Љубоја најавил во месец јануари дека би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.[38] Клубот на крајот на сезоната ја освоил двојната круна и во лигата и во купот. Во месец мај 2013 година, Љубоја, заедно со соиграчот Мирослав Радовиќ, бил дисциплиниран од страна на екипата, поради пиење алкохол во една од просториите на клубот.[39] Било соопштено дека Љубоја сепак ќе го напушти клубот.[40] Во месец јули 2013 година, тој повторно се вратил во Франција, каде што овојпат се приклучил на екипата на РЦ Ленс. Договорот бил со важност од една година.[41] Во месец декември 2014 година, тој се повлекол од активното играње на фудбал за да премине во друга професија. Тој станал извидувач (скаут) за нови таленти на екипата на Легија од Варшава.[42]
Remove ads
Репрезентација
Данијел Љубоја бил дел од репрезентацијата на Србија и Црна Гора. За таа репрезентација одиграл вкупно 19 натпревари и постигнал еден гол. Љубоја настапил за својата земја во групната фаза на Светското првенство во фудбал во 2006 година. Тој го постигнал својот прв и единствен гол во 2003 година, во победата од 3:2 над фудбалската репрезентација на Велс во натпревар од квалификациите за УЕФА ЕВРО 2004 година.
Remove ads
Статистика во кариерата
Меѓународна статистика
Признанија
Клупски признанија
- РК Стразбур
- Освоен е Купот на Франција: 2001 година
- Париз Сен Жермен
- Освоен е Купот на Франција: 2004 година
- Легија од Варшава
- Освоена е Полската Екстракласа: 2012–13 (Полската прва лига)
- Освоен е Полскиот куп: 2011–12, 2012–13
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads