Паулета

From Wikipedia, the free encyclopedia

Паулета
Remove ads

Педро Мигел Кареиро Ресендес (роден на 28 април 1973 година, во Понта Делгада), попознат како Паулета, е португалски поранешен фудбалер, напаѓач.

Кратки факти Паулета, Лични податоци ...
Remove ads

Технички карактеристики

Како плоден стрелец, Паулета важел за еден од најдобрите напаѓачи во Европа на својата генерација. Обично играл како осамен напаѓач или во тандем со партнер и претставувал комбинација на подвижност, атлетизам и солидна техника. Неговите најголеми квалитети биле подеднакво добрата игра со двете нозе, силата во воздушните двобои и одличната игра со глава.[1][2][3][4]

Клупска кариера

Во Португалија

Наменет за работа како рибар, тој наместо тоа се одлучил да му се посвети на фудбалот.[5] Својата кариера Паулета ја започнал во татковината, играјќи за нисколигашот Униао Микаеленсе две години пред да се пресели во Ешторил во 1995 година, каде постигнал 18 гола на 29 настапи во втора португалска лига.[6]

Саламанка и Депортиво Ла Коруња

Подоцна тој се пресели во соседната Шпанија, каде играл прво за Саламанка, а потоа и за Депортиво Ла Коруња.

Во својата прва сезона во Саламанка тој постигнал 19 гола, давајќи огромен придонес за промоцијата во Примера Дивисион. Следната сезона тој постигнал 15 гола во елитното шпанско фудбалско првенство со кои му помогнал на клубот да го избегне испаѓањето за само еден бод.[7]

Во летото 1998, тој потпишал за Депортиво Ла Коруња.[8] Во неговата втора сезона со Депортиво, тој го освоил шпанското првенство придонесувајќи за титулата со 8 гола. Сепак, силната конкуренција во нападот на галицијците во лицето на Рој Макај и Диего Тристан, го натерала Паулета да го напушти клубот во летниот трансферен прозорец 2000 година, неколку дена по освојувањето на својата втора титула со клубот, Суперкупот на Шпанија.[5]

Бордо и Париз Сен Жермен

Thumb
Паулета во дресот на Париз Сен Жермен во 2007 година.

На 1 септември 2000, Паулета потпишал за францускиот Бордо.[9] Искуството во Лига 1 се покажало многу посреќно за него и Паулета започнал да го исполнува својот потенцијал: во првата сезона постигнал 20 голови, а веќе во неговата втора сезона (2001-2002) бил најдобар стрелец во првенството со 22 гола колку што имал и Џибрил Сисе од Осер.[10][11] Исто така, за време на сезоната 2001-2002, тој го освоил Лига купот на Франција со својата екипа, постигнувајќи два гола во финалето при победата со 3-0 над Лорјан.[12][13] Конечно, тој бил избран и за фудбалер на годината во Франција за спомената сезона.[14] Во неговата трета сезона со Бордо, тој го поправил за еден гол својот рекорд од претходната сезона, завршувајќи ја сезоната 2002-2003 со 23 гола и уште еднаш бил избран за фудбалер на годината. Вкупно за Бордо одиграл 130 натпревари и постигнал 91 гол.

Пред почетокот на сезоната 2003-2004, Паулета потпишал тригодишен договор со Париз Сен Жермен во трансфер вреден 12 милиони евра.[15] Во неговата прва сезона тој им помогнал на Парижаните да го освојат Купот на Франција, нивниот прв трофеј после 6 години, постигнувајќи го единствениот гол во финалето во победата со 1-0 над Шатору. Подоцна, тој освоил уште еден Куп на Франција во сезоната 2005-2006 како и Лига купот на Франција во неговата последна сезона во клубот (2007-2008). Својот последен натпревар во кариерата Паулета го одиграл на 17 мај 2008, во гостинската победа со 1-2 против Сошо, по што објавил дека ја завршува својата кариера. За екипата од главниот град постигнал преку 100 голови,[16] со кој поставил рекорд за најмногу погодоци за ПСЖ (подоцна надминат од Златан Ибрахимовиќ и Единсон Кавани во 2015 и 2018 година).[5]

Кон крајот на мај 2009 година, Паулета го одигра својот проштален натпревар на Паркот на принцовите, играјќи по едно полувреме за тимот на пријателите и ПСЖ - поранешни и сегашни - играчи. Подоцна тој бил заменет од неговиот 13-годишен син Андре, кој ги постигнал последните два гола во натпреварот.[17]

Remove ads

Репрезентативна кариера

Паулета дебитирал за португалската репрезентација во 1997 година, во квалификациски натпревар за Светското првенство 1998 против Ерменија. Неговите први два репрезентативни голови дошле во победата со 7-0 на домашен терен против Азербејџан во квалификациите за Европското првенство 2000.[18] Откако португалците се квалификувале на завршниот европски турнир во Белгија и Холандија, Паулета бил повикан да учествува со репрезентацијата, главно започнувајќи ги натпреварите на клупата за резерви; својот единствен настап на турнирот го имал во третото коло од групата, при победата над Германија со 3-0.

За разлика од Европското првенство 2000, на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја Паулета бил прв напаѓач на Португалија и играл во сите натпревари; тој постигнал хет-трик во победата со 3-0 над Полска во вториот натпревар од групата,[19] но португалците разочарале на првенството не успевајќи да ја минат групната фаза. На Европското првенство на домашен терен, португалците имале големи очекувања и надежи во Паулета, но наместо тоа тој одиграл разочарувачки турнир.[20] Иако го започнал секој натпревар освен четвртфиналето (во кое бил суспендиран заради жолти картони), Паулета не постигнал ниту еден гол на патот на својата репрезентација до финалето на турнирот во кое биле поразени од Грција.[21] По ова првенство, тој бил назначен за капитен на Португалија, по збогувањата со националниот дрес на Руи Кошта, Фернандо Коуто и Луис Фиго, меѓутоа таа улога ја имал многу кратко се враќањето во репрезентацијата на Фиго.[22]

На 12 октомври 2005 година, со двата гола во победата од 3-0 над Латвија во квалификациите за Светското првенство 2006, Паулета станал најдобар стрелец во историјата на португалската репрезентација, надминувајќи го претходниот рекорд на Еузебио од 41 гол.[23][24] Тој исто така бил најдобар стрелец во Европските квалификации со 11 постигнати гола, помагајќи и на својата земја да се квалификува за турнирот во Германија.[20] На Светското првенство 2006, Паулета го постигнал единствениот гол во првиот натпревар на турнирот со кој Португалија ја победила Ангола со 1-0. Сепак, тоа бил неговиот единствен гол на овој мундијал, на кој португалците го освоиле четвртото место после поразот од домаќинот Германија во натпреварот за третото место. Веднаш потоа Паулета го најавил своето повлекување од репрезентацијата.

Вкупно за португалската репрезентација Паулета има 88 настапи и 47 гола. Во моментов тој е втор стрелец на Португалија зад Кристијано Роналдо.[5]

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија, Дата ...
Remove ads

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 8 септември 2020.

Повеќе информации Сезона, Клуб ...

Репрезентативна статистика

Извор:[18]

Повеќе информации Фудбалска репрезентација на Португалија, Год. ...
Remove ads

Титули

Клупски

Шпанија Депортиво Ла Коруња

1999-2000.
  • Суперкуп на Шпанија : 1
2000

Франција Бордо

  • Лига куп на Франција Лига куп на Франција : 5
2001-2002

Франција Париз Сен Жермен

  • Куп на Франција Куп на Франција : 2
2003–2004, 2005–2006

Поединечни

1995–1996 (18 гола)
  • Најдобар стрелец во Сегунда Дивисион : 1
1996–1997 (19 гола)
  • Најдобар стрелец во Лига 1 : 3
2001–2002 (22 гола; изедначен со Џибрил Сисе), 2005–2006 (21 гол), 2006–2007 (15 гола)
  • Фудбалер на годината во Франција според НСПФ
Најдобар фудбалер на годината во Дивисион 1/Лига 1 : 2001–2002, 2002–2003
Тим на годината во Лига 1 : 2002–2003, 2005–2006
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads