Данчо Масев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Данчо Масев (р. 16 декември 1983 г. во Струмица) — македонски фудбалер. Во периодот од јуни 2018 до септември 2024 бил спортски директор на фудбалската А репрезентацијата на Македонија[1], како и од јануари до март 2025 година, кога бил разрешен поради поведената правна постапка против него за учество во трговија со дрога.[2]

Кратки факти Данчо Масев, Лични податоци ...
Remove ads

Клупска кариера

Тој ја започнува својата кариера во ФК Беласица каде што играл во периодот од 2000 до 2003 година. Во 2004 година преминал во белградски ФК Рад каде што не се задржува долго и се враќа во Македонија каде што игра во ФК Вардар сè до 2005 година.

Во 2006 година се преселува во Украина каде што потпишува за ФК Металург од Запорожје. Како дел од ФК Металург во украинското првенство одиграл само 8 натпревари и два натпревари во првенство на двојки.

Во 2007 повторно се враќа во Македонија и во периодот од 2007 до 2010 играл за ФК Работнички, повторно за ФК Вардар и за струмичкиот ФК Турново. Од 2010 до 2011 година настапува за грчки ФК Анагениси од Кардица, Тесалија.

Во 2011 година се враќа во родното место и повторно игра за својот матичен клуб ФК Беласица каде што останува до 2012 година кога и ја завршува фудбалската кариера.

Remove ads

Кариера во репрезентацијата

Данчо Масев дебитира за репрезентацијата на Македонија од 20 ноември 2002 година, од пријателскиот натпревар против Израел. За време на својата кариера во репрезентацијата до 2005 година има одиграно 5 натпревари. На 19 јуни 2018 година е назначен за спортски директор на репрезентацијата.

Обвинение

Во јануари 2025 година, Масев заедно со Раде Трајковски-Штекли и уште тројца луѓе, биле уапсени под сомнение дека учествувале во трговија со дрога. [3]Во август 2025 година, по признавање на своја вина, Масев бил осуден на четири години затвор.[4]


Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads