1983
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1983 (MCMLXXXIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1983 година од новата ера, 983. од вториот милениум, 83. од XX век и четвртта од 1980-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7491 и 7492 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6733 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5743 и 5744 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2736.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1983 година се протега во 4619 и 4620, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4679 и 4680 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2526. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1403 и 1404 исламска година.
Remove ads
Настани
- 13 февруари – Американскиот претседател Роналд Реган ја прогласува 1983 година за „Година на Библијата“.
- 1 март – Балеарските Острови и Мадрид стануваат автономни покраини на Шпанија.
- 18 април – Во бомбашки напад врз американската амбасада во Бејрут се убиени 63 лица.
- 9 јуни – На парламентарните избори во Британија Конзервативната партија на Маргарет Тачер успева да ја задржи власта.
- 13 јуни – Пионер 10 станува првиот објект изработен од човекот што го напушта Сончевиот Систем.
- 4 јули – РЕК Битола е свечено пуштен во употреба.
- 20 јули – Полската влада прогласува крај на воената состојба и амнестија за политичките затвореници.
- 31 август - Во голема сообраќајна несреќа на патот Куманово - Свети Николе загинале 9 лица, меѓу кои и македонската поп пејачка Сашка Петковска и три члена од балетската група Авона.
- 1 септември – Корејски патнички авион е соборен од страна на советски борбен авион при навлегување во советскиот воздушен простор. Сите 269 лица во авионот загинаа.
- 19 октомври – Извршен е воен удар во Гренада при што премиерот Морис Бишоп и уште 40-мина се погубени.
- 25 октомври – САД извршува инвазија на Гренада.
- 25 октомври – Микрософт Ворд е пуштен во употреба.
- 27 октомври – Папата Јован Павле II го посетува во затвор Мехмет Али Агча, човекот што изврши неуспешен атентат врз него, за да му прости.
- 15 ноември – Турскиот дел од Кипар прогласува независност.
Remove ads
Родени
- 2 февруари – Каролина Клифт, шведска атлетичарка
- 23 април – Даниела Хантукова, словачка тенисерка
- 11 мај – Холи Валас, австралиска глумица и пејачка
- 8 јуни – Ким Клајстерс, белгиска тенисерка
- 13 јули – Љу Сјанг, кинески атлетичар
- 27 јули – Горан Пандев, македонски фудбалер
- 1 септември – Хосе Антонио Рејес, шпански фудбалер
- 8 ноември – Бланка Влашиќ, хрватска атлетичарка
- 27 декември - Павле Саздов, македонски политичар
Починале
- 25 февруари - Тенеси Вилијамс, американски драматург
- 15 март – Ребека Вест, англиска писателка
- 3 март – Артур Кестлер, австриски писател
- 27 април - Кирил Миљовски, македонски академик
- 27 април - Димо Тодоровски, македонски вајар
- 30 јуни – Боро Андов, македонски поет
- 20 август – Александар Ранковиќ, српски политичар
- 15 ноември - Таки Хрисик, македонски композитор
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
