Данчо Целески
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Данчо Целески (роден 9 септември 1967 година) ― македонски поранешен фудбалски голман, кој последен пат играл за ФК Караорман.[1]
Remove ads
Играчка кариера
Клупска кариера
Целески ја започнал својата кариера со Застава Белчишта, а играл и во Унгарија и Турција.[2] Тој бил ретроградно избран во 2020 година, во најдобрата странска 11-ка за сезоната 2000/2001 на Првата лига на Унгарија, која настапувал за Њиреѓхаза Спартакус.[3]
Меѓународна кариера
Тој го имал своето сениорско деби за Македонија на квалификацискиот натпревар за Европското првенство 1996 во октомври 1994 година против Шпанија во Скопје и има стекнато вкупно 22 натпревари, без постигнати голови.[4] Неговиот последен меѓународен натпревар бил квалификацискиот натпревар за Светското првенство во октомври 1997 година против Литванија.[5]
Remove ads
Тренерско-раководна кариера
Целески бил вклучен во работењето, односно бил претседател на ФК Охрид Лихнидос во 2022[6] и 2023 година.[7]
Наводи
Надворешни извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads