Дари

периско наречје во Авганистан From Wikipedia, the free encyclopedia

Дари
Remove ads

Дари (персиски: دری, Darī,) или дарископерсиски јазик (персиски: فارسی دری, Fārsī-ye Darī) е заеднички поим за источноперсиските дијалекти во Авганистан. Така, оваа група дијалекти се именува и како авганистанско-персиски јазик.[4][5] Иако всушност е персиски дијалект, сепак се именува како јазик бидејќи бил признаен како таков во 1964 година во Авганистан и станал службен јазик во државата покрај паштунскиот.[6][7] Дари е најзборуван јазик во Авганистан и истиот е мајчин јазик на околу 50% од вкупното население на државата.[4][8][9][10] Иранските и авганистанските дијалекти на персискиот јазик се доста разбирливи, но постојат одредени разлики во поглед на зборовниот фонд и фонологијата. Јазикот е лингва франка во Авганистан.

Кратки факти Дари, Изговор ...
Remove ads

Политички погледи

Самиот народ го именува јазикот како „фарси“, исто како националниот јазик во Иран. Сепак, поради политички причини Авганистан одлучул да го користи името „дари“. Јазикот е службен во Авганистан, заедно со паштунскиот. Името на овој диалект во Авганистан било променето во 1964 година.[11][12]

Наводи

Дополнителни информации

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads