Ирански јазици

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ирански јазици
Remove ads

Иранските јазици сочинуваат подгрупа јазици од индоиранските јазици, дел од семејството на индоевропски јазици.Овие јазици ги зборуваат иранските народи. Историскиот развој на иранските јазици е поделен на староирански јазици (до 400 г.п.н.е.), средноирански јазици (400 г.п.н.е. - 900 г.) и новоирански јазици (од 900 г.). Од староиранските јазици најпознати се староперсискиот јазик и авестискиот јазик. Средноиранските јазици ги опфаќале, меѓу другите, средноперсискиот и партскиот јазик. Денес најголеми ирански јазици се персискиот, паштунскиот, курдскиот и белуџискиот.

Оваа статија е за група индоевропски јазици. За јазикот со исто име видете персиски јазик.
Кратки факти Ирански јазици, Географска распространетост: ...
Thumb
Genetic division of Iranic languages

Според проценките за 2008 година, во светот има од 150 до 200 милиони говорници на иранските јазици.[1] Според Ethnologue, денес има 87 ирански јазици.[2] Персискиот јазик го зборуваат 65 милиони луѓе, паштунскиот го зборуваат околу 50 милиони луѓе, курдскиот го зборуваат околу 18 милиони, белуџискиот околу 7 милиони и лорискиот околу 2,3 милиони.

Remove ads

Класификација

Уште од основањето на индоевропските јазици во 19 век, иранските јазици (авестискиот, староперсискиот, пахлавискиот), заедно со индиски (санскритскиот, пракритскиот), биле признати во издаваштвата на јазичарот Расмус Раск во 1826 година како источна гранка на индоевропскиото јазично семејство.[3] Поради големиот број на позајмени ирански зборови во ерменскиот јазик, јазикот бил сметан за ирански, но во 1875 година Хубшман објавил дека јазикот е засебен индоевропски.[3] Иранските јазици се поделени на источна и западна група, вкупно опфаќајќи 84 јазици.

Remove ads

Споредба на иранските јазици

Повеќе информации македонски, зазански ...
Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads