Дариенски Расцеп

прекин во Панамериканската магистрала кој се состои од недопрени пространи мочуришта и шуми From Wikipedia, the free encyclopedia

Дариенски Расцеп
Remove ads

Дариенски Расцеп (шпански: Tapón del Darién) — прекин на Панамериканскиот автопат, кој се состои од голем дел од непроодно и неразвиенo подрачје од мочуриште и шума во Панама, во рамки на покраината Дариен во Средна Америка и северниот дел на одделот Чоко во Колумбија, во Јужна Америка. Подрачјето кое го опфаќа Дариенскиот Расцеп започнува во Јавиза, Панама и завршува во Турбо, Колумбија, и е долго 106 километри. Изградбата на патишта низ оваа област е скапа и еколошката цена е висока. Политички консензус во корист на изградба на патишта во овој предел не е постигнат.

Thumb
Подрачјето на Дариенскиот Расцеп помеѓу Панама и Колумбија.
Thumb
Дрвото сејба кое расте во Дариенскипт Расцеп

Во географијата на Дариенскиот Расцеп на колумбиската страна преовледува првенствено од реката делта на реката Атрато, која создава рамно мочуриште со ширина од најмалку 80 км, а половина од тоа е блато. Планинскиот масив Серанија дел Баудо се протега долж колумбискиот Тихоокеански брег и продолжува во Панама. Панамската страна, во остра спротивност, е планинска дождовна шума, а надморската височина на теренот достигнува од 60 м во долините до 1.845 м на највисокиот врв (Серо Такаркуна, во Серанија дел Дариен).

Дариенскиот Расцеп е исто така и подрачје на присуство и активности на марксистичките револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), кои имаат вршено атентати, киднапирања и кршења на човековите права за време на своето децениско востание против колумбиската влада. Востаниците на ФАРК биле присутни и на колумбиската и на панамската страна на границата со Дариенскиот Расцеп.

Remove ads

Поврзано

  • Панамска Превлака

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads