Панама

From Wikipedia, the free encyclopedia

Панама
Remove ads

Панама (шпански: Panamá) или официјално Република Панама (шпански: República de Panamá) е држава во копнена Средна Америка. Панама се наоѓа на т.н. Панамски Провлак, копно кое ја поврзува Северна Америка преку Средна Америка со Јужна Америка. На северозапад од Панама се наоѓа Костарика, на југоисток се наоѓа Колумбија, на север се наоѓа Карипското Море, додека на југ се наоѓа Тихиот Океан. Главен град на Панама е градот Панама, додека службен јазик е шпанскиот јазик.

Кратки факти Република Панама República de Panamá (шпански), Најголем град ...

Од европските истражувачи, Панама е посетена за првпат во 16 век кога станала дел од Шпанското Кралство. Во 1821 година, Панама се отцепила од Шпанското Кралство и се приклучила во една држава со Нова Гранада, Еквадор и Венецуела која се нарекувала Гран Колумбија. Со распадот на Гран Колумбија во 1830, Панама останала дел од Колумбија. Сепак, со интервенција од САД, во 1903 година Панама е отцепена од Колумбија и станува независна држава, за да можат САД да имаат контрола врз Панамскиот Канал. Значаен момент во историјата на Панама е изградбата на Панамскиот Канал, кој бил изграден со помош на САД во периодот од 1904 и 1914 година. Со договорот, Панама ја презела целата контрола врз каналот кон крајот на XX век.[4]

Панамскиот Канал, денес, е значаен сегмент во панамската економија и истиот има најголем удел во БДП на државата. Панама е трета или четврта најголема економија во Средна Америка[5] и е најбрзорастечка економија во регионот.[6][7] Според Индексот на човеков развој, Панама во 2010 година била рангирана како четврта земја во Латинска Америка и 54 земја во светот.[8] Панама е дом на најголемата прашума во западната полутопка, со исклучок на Амазон, и таа е дом на голем број тропски растенија, животни и птици, каде некои се и ендемски.[9]

Remove ads

Потекло на поимот

Името на Панама е добиено од името на градот Панама. Името на градот почнало да се користи за целиот регион на Панамскиот Провлак за време на Вицекралството Перу и Нова Гранада. Ова име кое се користело на регионално ниво станало официјален назив за Панама со Актот за отцепување на Панама од Колумбија. Зборот „Панама“ е најверојатно од староседелско потекло, најверојатно од јазикот на народот Куева.[10] За значењето на зборот се дале многу предлози, но општоприфатено толкување е „изобилство од риба и пеперутки“.[11] Некои историчари тврдат дека името се однесува за локален вид дрво наречено панама (Sterculia apetala), кое е доста често во регионот.

Remove ads

Историја

Географија и клима

Thumb
Карта на Панама.

Панама е држава која се наоѓа на копнениот дел од Средна Америка. На север државата излегува на Карипското Море, на југ излегува на Тихиот Океан, на запад се граничи со Костарика, а на исток се граничи со јужноамериканската држава Колумбија. Местоположбата на Панама е многу добра поради излезот на двете мориња и географската близина со двата континента, Средна Америка и Јужна Америка, кои Панама ги поврзува. Вкупната површина на Панама е 75.517 квадратни километри, државата има население од 3.405.813 жители (2010), а главен град е Панама.

Главна географска одлика која е од големо економско значење за државата е Панамскиот Канал, кој од 2000 година Панама има целосна контрола над него. Каналот ги поврзува Атлантскиот Океан со Тихиот Океан. Сепак, доминантна географска одлика се централните планини и врвови. Голем дел од планините не се продолжен венец од северноамериканските планини, а само мал дел од истите се продолжеток на јужноамериканките Анди. Планините се од вулканско потекло. Највисока точка во државата е Волкан Бару кој е висок 3,475 метри надморска височина. Панама е дом на разновиден животински и растителен свет и во неа може да се најдат и северноамериканска и јужноамериканска флора и фауна. Панама има тропска клима. Температурите се високи и има мала разлика меѓу сезоните.

Политички систем

Thumb
Претседателот на Панама, Рикардо Мартинели.

Панама е претседателска парламентарна демократска република, каде претседателот е на чело на државата, владата и политичкиот систем. Извршаната власт во државата е во рацете на владата, додека законодавната власт е под ингеренции и на владата и на Националното собрание на Панама. Судската власт во државата е независна.

Националните избори во државата се задолжителни за лица со над 18 години. Изборите за законодавната и извршната власт се одвиваат на секои пет години. Членовите на судската власт се назначени од шефот на државата. Националното собрание на Панама е составено од пратеници кои се избираат на избори, каде има фиксни изборни единици и има присуство и на помали политички партии. Најскорешни избори во Панама се претседателските избори кои се одржале на 3 мај 2009 година и на тие избори Рикардо Мартинели бил избран за претседател на Панама.

Remove ads

Стопанство

Според податоците на CIA, Панама има невработеност од 7%. Според Индексот на човековиот развој, Панама се наоѓа на 60 место (2008). Во последните години, Панама доживува економски бум со пораст на БДП, кој бил проценет на 10,4% во периодот 2006–2008. Економијата на Панама е една од најбрзо растечните економии во Латинска Америка. Латинскиот бизнис хроника предвидува дека Панама до 2014 година ќе биде најбрзорастечка економија во Латинска Америка и ќе биде на исто рамниште со Бразил.[12]

Remove ads

Административна поделба

Панама е поделена на 9 покраини (provincias) и три истостепени домородни области или „комарки“ (comarcas indígenas, често само comarcas). Постојат уште две комарки во сотав на покраините што се сметаат за рамносилни на општини (corregimientos).[13]

Покраини

Thumb
Карта на покраините и областите во Панама
Повеќе информации Покраина, Админ. центар ...

Области

Повеќе информации Област, Админ. центар ...

Потпокраини

Повеќе информации Област, Покраина ...
Remove ads

Демографија

Thumb
Црква во Кристобал.
Thumb
Кунска жена како плете.
Религија

Власта во Панама кога прави попис не води статистика за верската определеност на граѓаните. Сепак, различни веродостојни извори тврдат дека околу 75 до 85% од населението се следбеници на Римокатоличката црква и околу 15 до 25% од населението се следбеници на Евангелистичката црква. Бахајската заедница е проценета на 2% или околу 60.000 жители[14] со вклучено 10% гвајмиско население.[15] Мормонското движење тврди дека има 40.000 следбеници во Панама[16] Покрај овие, во Панама има и мали верски заедници како што се Адвентистите, Јеховините Сведоци, англиканци, Евреи и Муслимани, кои имаат по околу 10.000 следбеници.

Население

Панама, според пописот од 2010, има население од 3.405.813 жители.[17] Според податоците на CIA, 70% од населението се местици, местици од карипскиот регион 14%, староседелци 6% и белци 10%. Строседелското население на Панама вклучува седум народи: Ембера, Воунан, Нгобе Бугле (Гвајми), Куна, Насо и Брибри. Повеќе од половина од населението живее во главниот град.[18] По бројот на населението, Панама е најмала држава од сите држави каде се зборува шпански јазик.

Образование

Во 2000 година, било проценето дека 91.9% од населението на Панама е писмено.[19] Образованието во Панама е задолжително за дека од 6 до 15 години. Во последните години запишувањето на училиште, особено на високото образование, се зголемило. Во минатото во Панама образованието било овозможено од свештениците, а од 1903 година, државата вовела државна просвета и институции.

Remove ads

Култура

Културата на Панама е под силно влијание на европската. Шпанските колонизатори во Панама донеле европска музика, уметност и културни вредности. Така, европската култура полека се измешала со староседелската култура и културата на имигрантите и тоа произвело хибридна богата културна традиција. Така на пример, шпанскиот танц „тамборито“ е збогатен со староседелски ритми, теми и движења.[20] Локалниот фолклор може добро да се воочи преку разните фестивали, танци и паради кои се пренесувале од колено на колено.

Remove ads

Панама како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Панама“ (Panama) - песна на американската рок-група „Ван Хејлен“ (Van Halen) од 1984 година.[21]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads