Дарио Срна

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дарио Срна
Remove ads

Дарио Срна (роден на 1 мај 1982 година, во Метковиќ) — поранешен хрватски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред.

Кратки факти Дарио Срна, Лични податоци ...

Кариерата ја започнал во Хајдук Сплит во татковината, а потоа преминал во украинскиот клуб Шахтар Донецк во кој поминал најголем дел од својата кариера. После цели 15 години во Шахтар, во 2018 година тој потпишал за италијанскиот Каљари, каде ја одиграл последната сезона во кариерата забележувајќи преку 20 настапи во Серија А.

Тој е поранешен репрезентативец на Хрватска за која настапил 134 пати и бил играчот со најмногу настапи за својата земја, се до 2021 година, кога Лука Модриќ го престигнал.

По завршувањето на играчката кариера започнал да работи како спортски директор во клубот во кој се задржал најдолго во својата кариера, Шахтар Донецк.

Remove ads

Клупска кариера

Талентот на Срна беше увиден од многу скаути во Хрватска, додека бил млад. Тој подоцна стигна и до договор со еден од двата најквалитетни тимови во Хрватска, тимот на Хајдук Сплит.

Шахтар Донецк

Во 2003 година, Срна беше продаден, заедно со голманот Стипе Плетикоса во Шахтар Донецк. Тој е многу чест член на тимот и наскоро станува капитен во неговиот нов клуб, за кого има направено големо влијание во лигата.

По завршувањето на Светското првенство 2006, Бенфика се интересираше за потписот на играчот, но ништо не се случи, по што многумина тој обид го сметаат за одбиена продажба. Оттогаш, тој се поврзува со голем број на други клубови, вклучувајќи го и Лацио.

Срна го направи своето деби во групната фаза на Лигата на шампионите на 14 септември 2004 против Милан.

На 20 мај 2009 година, Срна го освои Купот на УЕФА во неговото последно издание, и го подигна трофејот како капитен на Шахтар. Срна му асистираше на Жадсон за победоносниот гол по седум минути игра во продолжението. Следната сезона ова натпреварување беше пременувано во Лигата Европа.

Срна беше во тимот на Шахтар кој стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите во сезоната 2010/2011, каде што загубија од подоцнежниот шампион Барселона. Срна имаше 5 асистенции во 5 меча.

Каљари

На 22 јуни 2018, Срна потпишал едногодишен договор со италијанскиот Каљари, со можност за продолжување за уште една година ако двете страни бидат задоволни од соработката.[4]

Remove ads

Титули

Клупски

Thumb
Срна како капитен на Шахтар го подига трофејот од Купот на Украина во 2011 година

Хајдук Сплит

2000-2001
1999-2000, 2002-2003

Шахтар Донецк

  • Премиер лига на Украина : 10
2004–2005, 2005–2006, 2007–2008, 2009–2010, 2010–2011, 2011–2012, 2012–2013, 2013–2014, 2016-2017, 2017-2018
  • Куп на Украина : 8
2003–2004, 2007–2008, 2010–2011, 2011–2012, 2012–2013, 2015–2016, 2016–2017, 2017–2018
  • Суперкуп на Украина : 8
2005, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2017
2008-2009
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads