Играчи на хрватската фудбалска репрезентација
список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вклучувајќи го и периодот од 1940 до 1956 за хрватската репрезентација досега настапиле преку 250 играчи и од нив преку 90 постигнале барем еден гол.
Историја

Низ историјата за хрватската репрезентација настапиле преку 250 играчи. Некој од нив оставиле длабока трага и ќе останат запомнети некој не, но затоа е тука статистиката за да ги бележи сите нивни настапи низ историјата. Доскорашниот капитен на репрезентацијата Дарио Срна е рекордер во неколку категории. Тој е моментално играчот со најмногу настапи за хрватската репезентација вкупно 134, од неговото деби во ноември 2002 против Романијa[1][2][3]; исто така тој е единствениот активен репрезентативец во моментов со преку 100 настапи за Хрватска. Втора категорија каде што тој е водечки е бројот на настапи како капитен на репрезентацијата и такви има вкупно 65 досега, 17 повеќе од вториот на листата Звонимир Бобан. Срна исто така е играчот со најмногу настапи за Хрватска на големите настани заедно со Ивица Олиќ, вкупно по 5, две Светски и три Европски првенства (Олиќ играл на три Светски и две Европски првенства). Дарио Шимиќ пак бил првиот репрезентативец кој стигнал до 100-тиот настап за Хрватска, во натпреварот против Словенија на 20 август 2008.[4]
Моменталниот претседател на ХНС Давор Шукер е рекордер по бројот на постигнати голови за хрватската фудбалска репрезентација.[1][5] Тој има вкупно 45 гола од нив 6 на Светското првенство 1998 во Франција каде бил најдобар стрелец.[6] Тој исто така, е единствениот играч кој постигнал два хет-трика во коцкестиот дрес. Младен Петриќ е единствениот играч кој постигнал повеќе од три гола за хрватската репрезентација, откако на 7 октомври 2006 бил стрелец на четири гола во победата со 7-0 над Андора на Максимир.[7]
Најмладиот играч кој дебитирал за репрезентацијата бил Ален Халиловиќ со само 16 години 11 месеци и 22 дена,[8] додека најстариот играч кој настапил за репрезентација бил легендарниот голман Дражен Ладиќ со 37 години 4 месеци и 27 дена. Најмлад стрелец за репрезентацијата бил Иван Ракитиќ со 19 години 6 месеци и два дена, додека најстариот стрелец бил Нико Ковач со 36 години 10 месеци и 22 дена. Дражен Ладиќ исто така е рекоредер кај голманите со 467 минути без примен гол.
Предводејќи ја Хрватска до финалето на Светското првенство 2018 во Русија (во кое загубиле од Франција), Лука Модриќ бил прогласен за најдобар играч на првенството. Имајќи предвид дека во истата година бил и европски првак со Реал Мадрид, на крајот од годината сосема заслужено бил добитник и на Златната топка, со што станал првиот хрват кој ја освоил најважната поединечна награда во светот на фудбалот.
Remove ads
Вечен список на играчи по бројот на настапи за хрватската репрезентација
Подолу е прикажана вечниот список на играчи по бројот на настапи за хрватската репрезентација.





Напомена:
портокалова позадина: репрезентативци 1940. - 1956.
задебелени букви: активни репрезентативци
Најмлади и најстари репрезентативци
Remove ads
Вечен список на стрелци за хрватската репрезентација
Подолу е прикажана вечниот список на играчи по бројот на постигнати голови за хрватската репрезентација.



Напомена:
портокалова позадина: репрезентативци 1940. - 1956.
задебелени букви: активни репрезентативци
Најмлади и најстари стрелци
Remove ads
Капитени
Подолу е прикажан списокот на капитени и бројот на натпревари во кој ја носеле капитенската лената за хрватската репрезентација.
|
|
|
- вкупен број на настапи како капитен (од тоа во заградите се наоѓа бројот на настапи во кој ја преземал капитенската лента по излегувањето од игра на капитенот)
- со задебелени букви се активните играчи
Remove ads
Голмани по број на минути без примен гол
Состави
Светски првенства
1 Ладиќ, 2 Крпан, 3 Шериќ, 4 Штимац, 5 Јуриќ, 6 Билиќ, 7 Асановиќ, 8 Просинечки, 9 Шукер, 10 Бобан, 11 Мариќ, 12 Мрмиќ, 13 Станиќ, 14 Солдо,
15 Тудор, 16 Кознику, 17 Јарни, 18 Мамиќ, 19 Влаовиќ, 20 Шимиќ, 21 Јурчиќ, 22 Васиљ, Селектор: Блажевиќ
1 Плетикоса, 2 Шериќ, 3 Шимуниќ, 4 Томас, 5 Рапаиќ, 6 Живковиќ, 7 Вугринец, 8 Просинечки, 9 Шукер, 10 Н. Ковач, 11 Бокшиќ, 12 Бутина, 13 Станиќ,
14 Солдо, 15 Шариќ, 16 Врањеш, 17 Јарни, 18 Олиќ, 19 Влаовиќ, 20 Шимиќ, 21 Р. Ковач, 22 Балабан, 23 Васиљ, Селектор: Јозиќ
1 Плетикоса, 2 Срна, 3 Шимуниќ, 4 Р. Ковач, 5 Тудор, 6 Врањеш, 7 Шимиќ, 8 Бабиќ, 9 Пршо, 10 Н. Ковач, 11 Токиќ, 12 Дидулица, 13 Томас, 14 Модриќ,
15 И. Леко, 16 Ј. Леко, 17 Класниќ, 18 Олиќ, 19 Крањчар, 20 Шериќ, 21 Балабан, 22 Бошњак, 23 Бутина, Селектор: Крањчар
1 Плетикоса, 2 Врсаљко, 3 Прањиќ, 4 Перишиќ, 5 Чорлука, 6 Ловрен, 7 Ракитиќ, 8 Вукојевиќ, 9 Јелавиќ, 10 Модриќ, 11 Срна, 12 Зеленика, 13 Шилденфелд,
14 Брозовиќ, 15 Бадељ, 16 Ребиќ, 17 Манџукиќ, 18 Олиќ, 19 Самир, 20 Ковачиќ, 21 Вида, 22 Едуардо, 23 Субашиќ, Селектор: Н. Ковач
1 Ливаковиќ, 2 Врсаљко, 3 Стриниќ, 4 Перишиќ, 5 Чорлука, 6 Ловрен, 7 Ракитиќ, 8 Ковачиќ, 9 Крамариќ, 10 Модриќ, 11 Брозовиќ, 12 Калиниќ, 13 Једвај,
14 Брадариќ, 15 Чалета-Цар, 16 Калиниќ, 17 Манџукиќ, 18 Ребиќ, 19 Бадељ, 20 Пјаца, 21 Вида, 22 Пивариќ, 23 Субашиќ, Селектор: Далиќ
Европски првенства
1 Ладиќ, 2 Јурчевиќ, 3 Јарни, 4 Штимац, 5 Јеркан, 6 Билиќ, 7 Асановиќ, 8 Просинечки, 9 Шукер, 10 Бобан, 11 Бокшиќ, 12 Мрмиќ, 13 Станиќ, 14 Солдо,
15 Павличиќ, 16 Младеновиќ, 17 Памиќ, 18 Брајковиќ, 19 Влаовиќ, 20 Шимиќ, 21 Цвитановиќ, 22 Габриќ, Селектор: Блажевиќ
1 Васиљ, 2 Токиќ, 3 Шимуниќ, 4 Томас, 5 Тудор, 6 Живковиќ, 7 Рапаиќ, 8 Срна, 9 Пршо, 10 Н. Ковач, 11 Шокота, 12 Бутина, 13 Шимиќ, 14 Неретљак,
15 Ј. Леко, 16 Бабиќ, 17 Класниќ, 18 Олиќ, 19 Морнар, 20 Росо, 21 Р. Ковач, 22 Бјелица, 23 Дидулица, Селектор: Бариќ
1 Плетикоса, 2 Шимиќ, 3 Шимуниќ, 4 Р. Ковач, 5 Чорлука, 6 Вејиќ, 7 Ракитиќ, 8 Вукојевиќ, 9 Калиниќ, 10 Н. Ковач, 11 Срна, 12 Галиновиќ, 13 Покривач,
14 Модриќ, 15 Кнежевиќ, 16 Ј. Леко, 17 Класниќ, 18 Олиќ, 19 Крањчар, 20 Будан, 21 Петриќ, 22 Прањиќ, 23 Руње, Селектор: Билиќ
1 Плетикоса, 2 Стриниќ, 3 Шимуниќ, 4 Буљат, 5 Чорлука, 6 Прањиќ, 7 Ракитиќ, 8 Вукојевиќ, 9 Јелавиќ, 10 Модриќ, 11 Срна, 12 Келава, 13 Шилденфелд,
14 Бадељ, 15 Врсаљко, 16 Дујмовиќ, 17 Манџукиќ, 18 Калиниќ, 19 Крањчар, 20 Перишиќ, 21 Вида, 22 Едуардо, 23 Субашиќ, Селектор: Билиќ
Remove ads
Награди
Спортисти на годината во Хрватска
Вкупно пет фудбалери ја добиле наградата за Спортист на годината во Хрватска која ја доделува спортскиот весник Спортски новости.
- 1955 - Бернард Вукас
- 1960 - Жељко Перушиќ
- 1998 - Давор Шукер
- 2013 - Марио Манџукиќ
- 2015 - Иван Ракитиќ
- 2018 - Лука Модриќ
Најдобри стрелци на натпреварувања
- Давор Шукер - најдобар стрелец на Светското првенство 1998 (6 гола)
- Марио Манџукиќ - најдобар стрелец на Европското првенство 2012 (3 гола, со уште пет други играчи)
УЕФА награди
- 2018 - Лука Модриќ
- Играчи во Тимот на годината на УЕФА
Remove ads
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads