Дарџилинг (чај)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дарџилинг (чај)
Remove ads

Дарџилингчај што традиционално се цени високо над сите други црни чаеви, особено во Обединетото Кралство и земјите од поранешната Британска Империја.

Кратки факти

По соодветно приготвување, чајот е редок и светол со цветна арома и донекаде остра танинска карактеристичност и пикантност која познавачите често ја опишуваат како мушкат.

Фалсификатите се сериозен проблем во глобалната трговија со чај; ширум светот се продава повеќе од 40,000 тони Дарџилинг чај, додека самото производство на таквиот чај се движи од 8,000 до 11,000 тони, вклучувајќи ја локалната потрошувачка. Како мерка против ова, Чајниот Одбор на Индија има развиено метод на цертификација и лого.

Remove ads

Видови

  • Прва тура се бере од средината на март по пролетните дождови, има блага и многу светла боја и лесна арома.
  • Втора тура се бере во јуни и дава килибарест и поостар напиток.
  • Есенска тура се бере на есен по дождовната сезона, и е донекаде помалку нежен по вкус и пикантност.

Чајот кој се бере на лето (или во дождовната сезона) понекогаш се продава, но по пониски цени.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads