Двориште (Велешко)

село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia

Двориште (Велешко)map
Remove ads

Двориште — село во Општина Градско, во средишното Повардарие,[2] централна Македонија. Денес нема жители.[3]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Клепа, меѓу планинските села во југозападниот дел на општината. Седиштето Градско е источно од Двориште, во плодната долина на Вардар.

Историја

Подрачјето на Двориште е населено уште од доцната антика, зашто сведочи наоѓалиштето Кале (или Клепа) источно од селото.[4]

Во XIX век Двориште било чисто македонско село во нахијата Клепа од Велешката каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дворишти (Dvorishti) имало 24 домаќинства со 106 жители Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дворишта имало 150 жители, сите Македонци христијани.[5][7]

На почетокот на XX век жителите на селото веќе потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дворишта (Dvorichta) имало 120 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[5][8]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Дворишта (Dvorišta) како македонско христијанско село.[5][9]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[10]

Селото почнало масовно да се раселува некаде во 1960-тите и е сосема напуштено во 1980-тите. Така, во 1961 година најпрво броело 34 жители Македонци, за после многу брзо да се исели. Последно во 1981 година имало само 2 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Двориште немало жители.[3] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Двориште било македонско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:

  • Староседелци: Илијовци (7 к.)
  • Доселеници: Матовци (9 к.) доселени биле во почетокот на 19 век од селото Водоврати; Најдовци (1 к.) доселени биле во 1885 година од селото Долно Чичево; Мацини (1 к.) доселени биле во 1898 година од селото Долно Чичево.[15]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Кале (или Клепа) — градиште од доцноантичко време

Личности

  • Камен Лазаров — револуционер, велешка војвода на ВМРО

Иселеништво

Селото е целосно иселено, а најголем број од населението е иселено во Велес.[15]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads