Деванагари

From Wikipedia, the free encyclopedia

Деванагари
Remove ads

Деванагари (санскрит: देवनागरी devanāgarī), исто така познато и како нагари (nāgarī, नागरी) е азбучнослоговно писмо кое се пишува од лево кон десно и карактеристично е по тоа што секоја буква има хоризонтална линија и ги поврзува сите букви. Ова писмо е главно писмо за пишување на хинди, маратски и непалски јазик. Од XIX век, тоа е најчесто користено писмо за санскрит и пали. Покрај овие јазици, ова писмо се користи за повеќе азиски јазици.

Кратки факти Деванагари, Тип ...
Remove ads

Правила

Како и останатите абугиди, така и во деванагари секоја буква (знак) претставува согласка која е проследена со гласот шва (или во македонскиот се бележи како ' во некои зборови). Овој глас при транскрипција за бележи со 'a', а според МФА гласот се бележи со [ə].[1] Буквата क се чита ka, не само „k“.

  • крајна согласка се бележи со надреден знам , наречен вирама во санскритскиот, или халант на хинди. Ако се стави овој знак, тоа значи дека вметната самогласка „ə“ не се чита или изговара, туку само согласката која е претставена со буквата. Така на пример, зборот क्नय се чита кнаја, а क्नय् кнај. Халантот често се користи за согласни групи кога не се можни согласни лигатури не се остварливи при машинско пишување.
  • согласните групи се пишиваат како лигатури (saṃyuktākṣara "споеви, врски"). Така на пример, трите согласки क्, न्, и य्, (к , н, ј) може да се пишат како погоре напоменатото без вирама (कनय). Друга можност е тие да бидат споени како согласна група и се добива क्नय кнаја, कन्य канја, или क्न्य кнја. Овој систем бил првично создаден за средноиндиските јазици, кои имале мал број согласни групи. Кога овој систем се вовел за санскритскиот, правописот и системот на санскритскиот значително се усложнил поради големиот број согласни групи и лигатури.
  • Останатите самогласки, освен шва, се пишуваат со посебни букви ако се самостојни или на почетокот на зборот, или со надредни знаци ако се во средината. Надредните знаци се нарекуваат „матри“. Така на пример од क ka, може да се добие: के ke, कु ku, की kī, का kā, итн. Исто така земен е следниов пример: буквата ū ('у') се пишува со надреден знак во средната на зборот (, कू ), но на почетокот на зборот или ако е самостојна буквата се пишува ऊ (ऊक ūka). Ваквите лигатури со надредни знаци се нарекуваат „акшара“.

Најгорната хоризонтална линија најчесто се пишува на крај, кога ќе се заврши зборот.[2]

Remove ads

Букви

Кратки факти

Редоследот на буквите во деванагари се заснова, односно буквите се класифицираат, на начинот и местото на изговор на гласот.[3]

Самогласки

Самогласките во деванагари се:[4]

Повеќе информации самостојна форма, транслитерација ...

Согласки

Во подолната табела се наведени согласките со вметнатиот глас шва. Исто така дадена е научната транскрипција, МФА и еквивалентот на урду.[5]

Повеќе информации sparśa (плозивни), anunāsika (носни) ...
Remove ads

Броеви

деванагарски броеви
01234 56789

Двосогласни споеви

Во прилог следуваат сите 1296 комбинации на две согласки:

Повеќе информации क, ख ...


Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads