Индоариски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Индоариските јазици (наречени и индски јазици) се доминантно јазично семејство на северниот дел од Индискиот Потконтинент. Претставуваат гранка на индоиранските јазици, кои се пак подгрупа на поголемото индоевропско семејство. Говорниците на индоариските јазици по сочинуваат половина од вкупниот број на индоевропски говорници (1,5 од 3 милијарди).
Најголеми јазици во групата по бројот на говорници се хиндустанскиот (хинду-урду) (240 милиони), бенгалскиот (230 милиони), пенџапскиот (90 милиони), маратски (70 милиони), гуџаратскиот (45 милиони), одиски (30 милиони), синдски (20 милиони), сераичкиот (18 милиони), непалскиот (14 милиони), читагонскиот (14 милиони), синхалскиот (16 милиони) и асамскиот (13 милиони). Вкупно овие јазици имаат преку 900 милиони говорници.
Remove ads
Историја
Стари индоариски јазици
Најраните сведоштва за групата доаѓаат од ведскиот јазик (ведски санскрит). Ова е јазикот на зачуваните древни ракописи наречени „веди“, кои претставуваат канонски темел за хинзуизмот. Со слична старост како Ригведата е индоарискиот суперстрат на Mитани (и речиси е истоветен), но единствените наоди се состојат од низа заемки.
Околу IV век п.н.е., граматичарот Панини го кодификувал и стандаризирал ведскиот јазик во облик кој денес се нарекува „класичен санскрит“.
Средни индоариски јазици (пракрити)
Вон учената сфера на санскритот, народните говори (пракрити) продолжиле да се развиваат и менуваат. Најстари прарити за кои имаме сведоштва се будистичкиот канонски јазик пали и џаинскиот верски јазик ардамадаги. Во средновековието, пракритите се видоизмениле и разграниле во разни средноиндски дијалекти. Преодните говори, збирно наречени „апабранша“, претставуваат мост помеѓу старите и помладите индоариски јазици во периодот од VI до XIII век. Некои од овие дијалекти доживеале значаен процут на книжевноста: делото Шравакачара (930-ти н.е.) денес се смета за првата книга напишана на хинди.
Двата најголеми јазика што ја сочинувале групата апабранша биле бенгалскиот и хинди-урду. Другите биле гуџаратскиот, одиски, маратски и пенџапскиот.
Современи индоариски јазици
Индските јазици на северна Индија (каде спаѓа и Асамската Долина со асамскиот) и Пакистан образуваат дијалектен континуум. Она што се нарекува „хинди“ во Индија најчесто е литературниот (стандарден) хинди, санскритизирана варијанта на народниот хиндустански говор во подрачјето на Делхи од времето на Могулите до денес. Меѓутоа, поимот хинди може да се употреби и за сите централни индски говори од Бихар до Раџастан. Индоариските пракрити also gave rise to languages like гуџаратскиот, асамскиот, бенгалскиот, одискиот, непалскиот, маратскиот и пенџапскиот — кои не се сметаат за хинди, иако се дел од целината на дијалектниот конинуум.
Remove ads
Класификација
Бидејќи не секогаш постојат јасни граници помеѓу јазиците, индоариските јазици немаат точно одредена класификација. Најчесто се делат вака:
- дардски јазици, како што е кашмирскиот (иако досега не е утврдено каде се наоѓаат во индоариските, иранските и нуристанските јазици).
- северни: непалски, кумаонски, гарвалски
- северозападни, како што се ланда, синдскиот и западнопахарските јазици
- централни, како што се пенџапски, хинди, гуџаратскиот, раџастанскиот, авади
- источни (магадски), како што се асамскиот, бенгалскиот, одиски, мајтилски и боџпури
- јужни, како што се малдивскиот (дивехи), конканскииот, маратски, синхалскиот и можеби дакинскиот
Remove ads
Споредба на јазиците
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads