Делавер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Делавер, официјално Држава Делавер (англиски: Delaware или State of Delaware, англиски изговор: /ˈdɛləwɛər/ ( слушни)), е една од педесетте сојузни држави на САД која се наоѓа во источниот дел на САД. Името на државата доаѓа од англискиот благородник и првиот колониски гувернер на Вирџинија Томас Вест, трет барон Де Ла Вер[4]
Делавер се наоѓа на североисточниот дел од полуостровот Делмарва и е втората најмала држава во САД по површина, веднаш по Род Ајленд. Според податоците од 2007 година, Делавер се наоѓа на 45. место во САД по население, но на шесто место според густина на население.[5] Делавер е поделен на три окрузи, Њу Касл, Кент и Сасекс. Њу Касл е индустриска зона, додека другите два се земјоделски зони. Државата е втора по број на научници и инженери, како процент од работната сила и бројот на патенти регистрирани на компании или личности на 1000 работници.[6] Историјата на економскиот и индустрискиот развој на државата е тесно поврзан со влијанието на семејството ду Понт, основачи и потомци на E. I. du Pont de Nemours and Company, една од најголемите хемиски компании во светот.[7]
Пред доаѓањето на Европејците на брегот на Делавер, областа била населена од неколку староседелски народи, меѓу кои најзначајни биле Ленапе (познати и како Делавери) на северот и Нантикок на југот.. На почетокот бил колонизиран од холандски трговци во 1631 година, близу денешниот град Луис.[8] Делавер е една од тринаесетте колонии кои учествувале во Американската револуција и на 7 декември 1787 година станала првата држава која го ратифукувала уставот на САД, со што станала „Првата држава“, како што гласи нејзиниот прекар (The First State). Главен град на Делавер е Довер.
Remove ads
Белешки
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads