Демир Капија (Беласица)

планински превој на Беласица меѓу Пиринска и Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Демир Капија (Беласица)map
Remove ads

Демир Капијаседло и планински превој на планината Беласица. Сместено е на височина 1.686 м на главното било, западно од највисокиот врв Радомир и источно од врвот Лозен. Низ седлото минува Државната граница меѓу Бугарија и Грција, односно границата помеѓу Пиринска и Егејска Македонија.

Кратки факти Демир Капија, Надм. вис. ...

Сè почетокот на XX век низ Демир Капија поминувал кираџиски пат, кој го поврзувал Петричкото со Серското Поле. Одовде во 1014 г. минувал обиколниот пат по кој византискиот војсководец Никифор Кисифиј ја повел својата војска, наснесувајќи му го судбоносниот задгрбен удар на царот Самоил во Беласичката битка.[1] Местото е познато по тоа што на 19 октомври 1925 г. тука започнал познатиот Петрички инцидент помеѓу грчките и бугарските власти. За време на Студената војна седлото е минирано од грчка страна. За време на т.н. „Преродбенички процес“ на НР Бугарија превојот е преименуван во „Железна Врата“ (Железни врата),[2] но името не било прифатено од мештаните и посетителите.

Главно пристапно место за искачувањето на Демир Капија е селото Димидово (денес Самуилово), од каде започнува означена планинарска патека преку која до седлото се стасува за 4 часа. Од истото село до превојот води и каминскиот пат долг 18 км кој до месноста Лопово е чакалосан.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads