Демографија на Мали
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во јули 2009 година населението на Мали броело околу 13 милиони жители, со годишен природен пораст од 2.7%. Населението е претежно рурално, односно 68% живеат во рурални средини и 5-10% се номади.[1] Повеќе од 90% од населението живее во јужниот дел од земјата. Повеќе од 48% од населението се помлади од 15 години.

Старосна структура
- 2007
- од 0 до 14 години: 48%
- од 15 до 64 години: 49%
- од 65 нагоре: 3%
Коефициент на плодност
- 2007-7.4
Етнички состав
Во Мали живеат значителен број африкански етнички групи. Најголема етничка група се Бамбара кои сочинуваат 36.5% од населението. Бамбара, заедно со Сонинке, Хасонке и Мандинка се дел од Манде групата народи и се 50% од населението во Мали. Други позначајни етнички групи се Пеул со 17%, Волтајци со 12%, Сонгаи со 6% и Туарези и Мори со 10%.
Јазици
Службен јазик е францускиот, но над 40 јазици се зборуваат во земјата. Лингва франка е бамбара јазик.
Религија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads