Демографија на Словачка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оваа статија е за демографските одлики на населението на Словачка, вклучувајќи ги густината на населеност, етничката припадност, нивото на образование, здравјето на населението, економскиот статус, религиозната определеност и други аспекти на населението. Демографските статистики се од Статистичката служба, ако не е поинаку назначено.
Remove ads
Население
Вкупно население: 5.397.036 жители
Пописи во периодот 1848-2011
Возрасна структура
0–14 години:
15,6% (мажи: 437.755; жени: 417.797)
15–64 години:
71,6% (мажи 1.955.031; жени: 1.965.554)
65 години и повеќе:
12,8% (мажи 262.363; жени: 438.538 (2011 проц.)
Средна возраст
вкупно: 38 години; мажи: 36,5 години, жени: 39,5 години (2012 проц.)
Полов сооднос
при раѓање:
1,05 машки/женски
под 15 години:
1,05 машки/женски
15–64 години:
1 мажко/женско
65 години и повеќе:
0,6 машки/женски
вкупно население:
0,94 машки/женски (2011 проц.)
Remove ads
Имиграција

Имиграцијата во Словачка е една од најниските во целата Европска Унија. Ова е поради тоа што имиграциската политика на Словачка е една од најстрогите во Европа. Во Словачка има околу 63.000 странци и мнозинството од нив не се имигранти, туку се странски студенти, трговци и слично.
Витални статистики
Родени и починати од 1919 г.
Стапка на мртвородени деца
вкупно: 6,47 починати/1000 живородени
машки 7,54 починати/1000 живородени
женски 5,34 починати/1000 живородени (2012 проц.)
Животен век
вкупно население:
76,03 години
мажи:
72,14 години
жени:
80,12 години (2012 проц.)
Remove ads
Етнички групи

Мнозинството од 5,4 милиони жители на Словачка се Словаци (80,7%). Унгарците се најголемото етничко малцинство (8,5%) и се сместени во јужните и источните области на Словачка. Други етнички групи се Ромите (2,0%), Чесите, Хрватите, Русините, Украинците, Германците, Полјаците, Србите[1] и Евреите (околу 2.300 останати од 120.000 жители пред Втората светска војна).
И двете меѓународни организации (Обединетите нации и Светската банка) и официјалната статистичка служба даваат податоци за етничките групи, бројките се слични. Бројките за ромското население (од различни причини) се движат помеѓу 1% и 10% од населението. Во неодамнешно истражување спроведено од словачката влада, до бројката за процентот на Ромите било стигнато преку интервју со општинските власти и градоначалници, според тоа колку Роми сметаат дека живеат во нивните општини. Бројката со ова истражување изнесувала 300.000 (околу 5,6%). Меѓутоа, ако ова е официјална бројка, тогаш процентите за Унгарци и Словаци ќе бидат пониски.
Службен јазик во земјата е словачкиот, а унгарскиот е нашироко говорен во јужните области.
И покрај современите услови во стопанството и општеството, Словачка има значителен рурален елемент. Околу 45% од Словаците живеат во села со помалку од 5.000 жители, а 14% живеат во села со помалку од 1.000 жители.
Remove ads
Религија
Словачкиот устав ја гарантира слободата на религијата. Мнозинство од Словаците (62%) се католици; голем дел од населението во Словачка се изјаснило како атеисти (13%). Околу 6,9% се протестанти, гркокатолици 4,1% и 0,9% се православни христијани. Реформираната христијанска црква 2,0%, други 6,4% (проценка 2004 г.). Во Словачка живеат 10.600 муслимани.
Поврзано
- Словачки Унгарци
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads