Роми
народност во Европа From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Роми — народ од индоеврoпско потекло. Тие се раселени насекаде низ светот и немаат своја матична држава. Нивниот број е околу 12.000.000 (некои тврдат дека толкава е бројката на Ромите само во Европа). Најмногу ги има во Турција (5.000.000), Романија (1.500.000), Шпанија (1.500.000), Унгарија (1.000.000), Бугарија (700.000), а ги има низ сите европски држави и во Америка. Ромите говорат на ромски јазик.
Remove ads
Remove ads
Потекло

За потеклото на Ромите постојат повеќе теории од кои се вели дека се потомци на стариот народ Дравиди (кој живеел во Пенџаб пред нивното доаѓање во Европа) било во 10 век.
Антрополошки одлики
Развојот на Ромите е многу слаб и тие се еден од најнееманципираните, најнеитегрираните и најнеразвиените народи во светот. Обично ромските населби и живеалишта се наоѓаат во руинирана состојба и поради тоа Ромите имаат најкраток животен век од сите европски народи. Поради нивната огромна сиромаштија често владеат и предрасуди врзани за нив. Истовремено, Ромите се најмирољубивиот народ во светот и никогаш против никого не кренале пушка односно никогаш не војувале, биле лојални граѓани на земјата во која што живеат и се бореле во сите војни против непријателот од било која земја да доаѓаат.
Во денешно време Ромите главно се интегрирани во општеството со останатите народи. Има Роми коишто се министри во влада, пратеници во некои европски и светски земји, но најголемиот напредок на Ромите во последните години е во делот на образованието на коишто има студенти во многу факултети низ сите европски земји.
Култура
Интересно како податок за нив е да се спомене дека Ромите се „урбано“ население. Во Република Македонија, 96% од вкупното ромско население живее во градовите. Притоа, тие обично сакаат да бидат сместени односно нивните живеалишта да бидат најблиску до центарот на градот во коишто живеат.
Remove ads
Ромите како тема во уметноста и во популарната култура
Ромите како тема во книжевноста
- „Цигански предзори“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[24]
- „Циганка“ - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[25]
- „Циганот го фали својот коњ“ (српски: Циганин хвали свога коња) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[26][27]
- „Песна на циганската сигирија“ - циклус песни на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[28]
- „Цигански романсеро“ (шпански: Romancero gitano) - поетска збирка на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка од 1928 година.[29]
- „Белото Циганче“ - роман на македонскиот писател Видое Подгорец.
- „Циганска заспивалка“ — песна на Видое Подгорец.[30]
- „Циганка“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[31]
- „Цигански валцер на гитара“ - песна на рускиот поет Иљја Сељвински од 1922 година.[32]
- „Скаменети Цигани“ (српски: Okamenjeni Cigani) - расказ на српскиот писател Бранко Ќопиќ.[33]
Ромите како тема во народната книжевност
- „Циганот како сведок“ - македонска народна приказна.[34]
- „Циганот станал султан“ - македонска народна приказна.[35]
- „Итриот Циганин“ - македонска народна приказна.[36]
- „Циганот и газдата“ (Циганин и властелин) - српска народна приказна.[37]
- „Невестата и Циганот“ (Млада и Циганин) - српска народна приказна.[38]
- „Како Циганот го научил коњот да гладува“ (Како Циганин научи коња гладовати) - српска народна приказна.[39]
- „Циганче, па Циганче!“ - српска народна приказна.[40]
Ромите како тема во музиката
- „Циганскиот град Средорек“ (анлгиски: Gipsy Town Sredorek) - песна на македонскиот музичар Бодан Арсовски.[41]
- Циганска група“ (англиски: Band of Gypsies) - албум на истоимената американска рок-група од 1970 година.[42]
- „Циганско реге“ (англиски: Gypsy Reggae) - песна на Горан Бреговиќ од 1993 година.[43]
- „Циганка“ (англиски: Gypsy Woman) — песна на американскиот блуз-музичар Мади Вотерс (Muddy Waters).[44]
- „Јавачот-Циганин“ (англиски: Gypsy Rider) - песна на американскиот рок-музичар Џин Кларк (Gene Clarke).[45]
- „Циганин“ (хрватски: Cigan) - песна на хрватската рок-група Мајке (Majke) од 1996 година.[46]
- „Циганка“ (англиски: Gypsy Woman) — песна на американскиот соул-музичар Куртис Мејфилд (Curtis Mayfield).[47]
- „Циганска крв“ (англиски: Gypsy Blood) - песна на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.[48]
- „Циганка“ (англиски: Gypsy) - песна на рок-групата Флитвуд Мек (Fleetwood Mac) од 1982 година.[49]
- „Цигански очи“ (англиски: Gypsy eyes) - песна на рок-групата Џими Хендрикс Експириенс (The Jimi Hendrix Experience) од 1970 година.[50]
Ромите како тема во филмот и во телевизијата
Remove ads
Религија

Најголемиот дел од Ромите се христијани, додека помал број се муслимани и хиндуси.
Ромите во Западна Европа и САД се претежно римокатолици и протестанти.
Најголем број на православни Роми живеат во: Србија, Романија, Грција и Бугарија.
Ромите кои живеат во: Турција, Босна и Херцеговина, Албанија, Египет, Косово и Македонија претежно се муслимани.
Исламизацијата на Ромите на Балканот се случила за време на Османлиското владеење. Според пописот од 1523 година, на Балканот живееле 66.000 Роми, од кои 47.000 биле христијани.[53]
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads