Македонски денар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Денар (кратенка: ден., ISO 4217: MKD, бројчен код: 807) — официјална валута во Македонија. Народната банка на Македонија (НБРМ) има ексклузивно право на печатење и издавање на сите видови пари во Република Македонија: ковани пари - монети и хартиени пари - банкноти. Денарот бил воведен на 26 април 1992 година.[1][2]
Денес, во Република Македонија во оптек се метални монети со деноминации од 1, 2, 5, 10 и 50 денари, како и хартиени банкноти со деноминации од 10, 50, 100, 200, 500, 1000 и 2000 денари. Банкнотите од 10 и 50 денари кои се влезени во оптек 1996 година се заменети со нови, полимерни банкноти, а истите се повлечени од оптек. Банкнотата од 5000 денари исто така е повлечена од оптек.
Remove ads
Потекло на поимот
Името „денар“ потекнува од староримската монетарна единица „денариј“ и претставува израз на историскиот континуитет на употребата на парите на територијата на Македонија од римската антика до средновековниот периоди. Предлогот за името бил даден од страна на академик Петар Илиевски. Претходно, на состаноците на Комисијата за монетарен систем биле разгледувани неколку предлози за името на македонската валута, како: „македонски динар“ или „лав“.[3]
Remove ads
Историја
Монетарно осамостојување
Република Македонија монетарно се осамостоила на 26 април 1992 година (Велигден), кога Собранието на Република Македонија донело пакет-закони со кои се поставила институционалната рамка на монетарниот систем и се вовел денарот како парична единица на Република Македонија. Денарот се делел на 100 дени, а неговиот скратен назив во платниот промет е „ден.“. Првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев од собраниската говорница ги презентирал првите македонски пари - денари - со зборовите:
„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“.
На 27 април 1992 година започнала замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената траела три дена. Книжните пари што гласеле на југословенски динари дефинитивно престанале да важат како платежно средство во Република Македонија на 29 април 1992, додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари останале во оптек уште една година.
Развиток на деноминациите
Во 1993 година, новиот денар бил издаден со деноминации од 10, 20, 50, 100 и 500 денари, а апоенот од 20 денари бил издаден само во првата серија на банкноти. Сите апоени биле издадени како банкноти, додека во првата серија не биле ковани монети.
Во мај 1993, во втората серија биле воведени и монети со деноминации од 50 дени, 1, 2 и 5 денари.
Во 1996 година биле воведени апоените од 1000 и 5000 денари.
Почнувајќи од 1996 година, НБРМ издава јубилејни монети за колекционерски цели.
Во ноември 2008 година биле воведени монети со апоени од 10 и 50 денари.
Во 2013 година, монетата со апоен од 50 дени била повлечена поради тоа што истата била кована само во 1993 година и практично била тешко забележлива во оптек.
Во 2016 година биле воведени апоените од 200 и 2000 денари. НБРМ исто така започнала со повлекување од оптек на апоенот од 5000 денари како поселдица на неговата незначителна примена во секојдневните трансакции и намалената побарувачка од страна на банките. Најавено било дека деловните банки ќе ги заменуваат банкнотите со апоенска вредност од 5000 денари од 15 декември 2016 до 28 февруари 2017 година, а од 1 март 2017 година нивната земена ќе се вршела од страна на НБРМ.[4]
На 15 мај 2018 година, НБРМ ги воведе новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари, со што Македонија влезе во мапата на замји кои започнале со полемеризација на банкнотите на нивните валути. Почнувајќи од истиот ден старите банкноти од 10 и 50 денари, кои првпат биле издадени во 1996 година, се повлечени од оптег[5]
Remove ads
Производство
Банкноти
Банкнотите со помала деноминација, 10, 50 и 100 денари се печатени во Република Македонија, додека банкнотите со деноминации од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996), се печатени во „Thomas De La Rue“ во Лондон. Последното издание на банкноти од 500 и 1000 денари од 2003 година е исто така изработено во TDLR. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, инталјио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја.[6]
Монети
Монетите се ковани од легура CuNi3Zn17 (CuZn15 за 50 дени) во ковницата „Сувенир“ во Самоков. Автори на ликовното и техничкото решение не монетите се Димче Бошкоски и Снежана Атанасова, вработени во ковачницата.[7]
Пари
Монети
Банкноти
Remove ads
Валута како сувенир
Почнувајќи од 2002 година, Вевчани, село во југозападниот регион на Македонија и самопрогласено за „независна Република“, започнало да издава свои пари, т.н. личници, како сувенир. Парите се јасно означени како "примерок" и никогаш не биле наменети за официјално користење како законска валута.[8]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads