Денизли

From Wikipedia, the free encyclopedia

Денизлиmap
Remove ads

Денизли (турски: Denizli) — град кој се наоѓа во југозападниот дел на Турција во Егејскиот регион по долината на реката Бујук Мендерес. Градот има надморска височина од околу 350 метри.

Кратки факти Денизли, Земја ...

Денизли бележи економски развој во последните неколку децении, во најголем дел ова се должи на производството и извозот на текстил[4][5].

Денизли, исто така, ги привлекува посетителите поради топлите извори и травертини-тераси од карбонатни минерали на Памуккале. Неодамна, Денизли станал главно одредиште во домашниот туризам. Ова се должи главно поради различните видови на термални води во Сарајќој, Акој, Булдан, Чардак итн.

Древниот град Јерапол, како и градот Лаодикија, античката престолнина на Фригија се наоѓаат во близина на градот.

Во летниот период времето е топло, додека во зима понекогаш може да биде многу студено со снег на планините што го опкружуваат градот.

Remove ads

Историја

Оваа област била под владеење на најразлични сили уште од праисториски времиња. Во близина се наоѓале античките грчки и римски градови Јерапол како и градот Лаодикија. Градот со сегашната местоположба бил освоен од страна на Турците по кое започнал периодот на Селџуците[6].

Во 17 век, турскиот патописец Евлија Челебија го посетил Денизли и запишал: „Градот е наречен од страна на Турците (Денизли) (што значи дека има изобилство на извори на вода) бидејќи постојат неколку реки и езера. Околу него се наоѓа квадратна тврдина... Кон јужниот дел од тврдината се наоѓа новата џамија, додека лозјето се наоѓа во запад. На тврдината има околу 50 вооружени стражари. Градот се наоѓа надвор од тврдината и има околу 3,600 куќи. Постојат 57 мали и големи џамии, 7 медреси, 6 бањи и 17 дервишки институции“.

Градот живеел во мир со векови, без да биде вклучен во војните на директен начин. По Првата светска војна, за време на војната за независност, грчките сили успеале да се приближат до Сарајќој, мал град оддалечен на околу 20 километри северозападно од Денизли.

Remove ads

Клима

Повеќе информации Климатски податоци за Денизли, Месец ...
Remove ads

Население

Градот има население од околу 577.000 жители според податоци од 2013 година. Во споредба со 2007 година, бројот на населението бил 389,000 жители како резултат на спојување на 13 општини и 10 села кон Дензили и самата област била зголемена за речиси пет пати и населението за околу 50%. Градот исто така е и главен град на провинцијата Денизли.

Економија

Текстилната индустрија во Денизли се зголемила бргу во 1980-тите и 1990-тите години, како на домашниот пазар така и за извоз. Пешкири, бањарки, и други домашни текстилни производи биле производи кои се поврзуваат со Денизли. Најголеми фирми во градот се Дегирменџи и Фуника.

Култура

Во градот постојат големи продавници, барови и кафулиња, со музика во живо, иако ова е град кој неодамна се зголемил. Присуството на Универзитетот Памуккале ги подобрува културните убавини на градот.

Жителите на регионот во најголема мера се занимавале со производство на грозје и вино во текот на историјата. Многу приватни клубови и здруженија се отвораат како Здружението за заштита на животната средина и историја на Денизли. Постои годишен аматерски театарски фестивал, на кој присуствуваат групи од Турција и од странство. Денизли има втор најголем број по ранг на шахисти во Турција, по Истанбул.

Remove ads

Збратимени градови

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads