Ден на сесловенските просветители

државен празник во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ден на сесловенските просветители
Remove ads

Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методијдржавен македонски празник[1] кој се празнува на 24 мај. Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата. Денот на македонските светители е прогласен за државен празник од. Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

За други значења видете на појаснителната страница за Денот на словенската писменост
Кратки факти Ден на сесловенските просветители и учители, Наречен и ...

Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.

Remove ads

Празнувања

Во Македонија

Традиционално празникот во Македонија започнува со честитката на премиерот на републиката со граѓаните на Македонија.

Во Охрид, градот-лулка на словенската писменост и култура, традиционално се одржуваа повеќе свечености. Од раните утрински часови започнува турнирот во мал фудбал во средното Угостителско училиште „Ванчо Питошески“ помеѓу учениците од трите среднообразовни центри во општина Охрид. Централната свеченост за одбележување на Денот на сесловенските просветители во организација на Општината започнува пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот Парк. Бројни граѓани, просветни и културни дејци, ученици и претставници на јавниот и политичкиот живот од општината доаѓаат да одадат почит преку полагање на цвеќе на споменикот.[2]

Во Рим

Thumb
Црквата „Св. Климент“ во Рим каде се наоѓа гробот на Св. Кирил

Почнувајќи од 1960-тите, секоја година традиционално во Рим се одбележува овој празник со посета на државна и црковна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во Црквата „Св. Климент“. На ова му претходи официјална посета на Ватикан и папата. Поглаварот на Македонската православна црква чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил, додека неколку дена во Рим трааат деновите на македонската култура со голем број на концерти и изложби.[3]

Во дијаспората, освен во Рим како центар на прославата, празникот се слави секаде каде што живеат Македонци. Во Германија се прославува со свечена литургија по македонските цркви, организирање на собири со македонски пејачи и турнири во мал фудбал.[4] Најмногу се празнува во Елванген, јужна Германија во градот во кој Св. Методиј бил две и пол години во затвор.

Remove ads

Бугарија

Во Бугарија овој ден се слави како „Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост“, каде солунските браќа се сметаат за Бугари.[се бара извор]

Thumb
Свечена литургија во германскиот град Елванген

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads