Казапа (департман)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Казапа (департман)
Remove ads

Казапа (Caazapá) е департман во Парагвај. Главен град на департманот е градот Казапа. Казапа се наоѓа во Источен Парагвај и меѓу Парагвајците е познат по насадите на портокал и мандарина. Источниот дел е релативно неразвиен и е составен од брда и прашума. Западниот дел на департманот е составен од низини и мочурливи површини.

Кратки факти Казапа Caazapá, Држава ...
Thumb
Споменик на Фреј Луис Болањос, основач на Казапа.
Remove ads

Административна поделба

Департманот е поделен на 10 окрузи:

округ население[1]
урбано рурално вкупно
Абај2,64023,53526,175
Буена Виста1,4163,9245,340
Казапа5,99016,38222,372
Доктор Моисес С. Бертони3304,2864,616
Иегрос1,0674,8915,958
Хенерал Игинио Мориниго1,2424,2575,499
Масиел4313,5263,957
Сан Хуан Непомукено6,93717,30624,243
Тавај65612,69813,354
Јути4,29923,70428,003

Географија

Департманот се наоѓа во регионот Источен Парагвај. На север департманот граничи со департманот Гваира, на југ со департманот Итапуа, на исток со департманот Алто Парана и на запад со департманите Мисионес и Парагвари.

Највисока температура измерена во департманот била 37 степени целзиусови, а најниста 1 степен целзиусов.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads