Десетти Километар
село во Катеринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Десетти Километар (грчки: Μοσχοχώρι, Мосхохори; до 1962 г. Δέκατο Χιλιόμετρο, Декато Хилјометро[2]) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 462 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 10 км западно од градот Катерина, крај патот ЕО13 (Катерина - Еласона), на надморска височина од 110 м.[3]
Историја
Селото е подигнато по крајот на Граѓанската војна од грчки бегалски семејства. За првпат се спомнува во пописот од 1961 г. кога е заведено со 62 жители.[3] Во 1962 година, името на селото било променето во Мосхохори (Μοσχοχώρι).[2] Во 1971 г. броело 452, во 1981 г. 511, а во 1991 г. 464 жители.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
- Основно училиште
- Детска градинка
- Амбуланта
- Аптека
Самоуправа и политика
Во 1966 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал 7 квадратни километри.[3] Општината Десетти Километар била приклучена во општината Локово во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.
Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Десетти Километар, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads