Пиерија (округ)
округ во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пиерија (грчки: Πιερία) — округ во јужниот дел на Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Катерина. Ова е најмалиот округ во Егејска Македонија и приближно се совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Катеринско“, иако опфаќа и некои места од Берско и Солунско. Денешниот назив го добил по долномакедонската област Пиерија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Изобилува со археолошки знаменитости и наоѓалишта, како што се светиот македонски град Дион, историската Пидна и замокот Платамон. Според преданијата, планината Шапка (наречена и Пиерија) во округот е дом на Орфеј[1] и музите,[2]. Во јужниот дел на Пиерија се наоѓа и Олимп — највисока планина во егејска македонија и цела денешна Грција, која митолошки се смета за дом на боговите. Други позначајни древни градови се Лејбетра и Пимплеја.
Remove ads
Географија
Округот административно се граничи со окрузите Лариса (во Тесалија) на југ и запад, Кожани на запад и Иматија (Берско) на север. Планината Шапка е сместена во западниот дел. На исток е Солунскиот Залив. Најголемиот дел од населението живее крај морето, во т.н. „Олимписка ривиера“.
Теренот е прилично мешовит: има големи рамници, високи планини и песочни плажи.
Клима
Климата е претежно средоземна, со врели лета и свежи зими. Во средишниот и западниот дел на Пиерија неретко зимите се остри и студени, особено на Шапка и Олимп.
Општини
Округот Пиерија се дели на 3 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):[3]
- Дион-Олимп (Дио-Олимпос) (2)
- Катерина (Катерини) (1)
- Пидна-Колиндар (Пидна-Колиндрос) (3)
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads