Описна статистика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Статистиката има две гранки: описна статистика и дедуктивна статистика.
Што може да се направи со статистиката?
|
![]() Слика 1: Двете гранки на статистика |
Описна статистика претставува наука за собирање, организирање, анализирање, резимирање, илустрирање на податоци или резултати.
Дедуктивна статистика претставува наука за доведување заклучоци и предвидувања врз основа на податоци или резултати.
За правилно да се работи со дедуктивна статистика потребно е добро познавање на описна статистика.
Remove ads
Популација
Во математичка статистика, множеството од еднородни објекти или резултати од некоја случка, кои имаат некоја заедничка одлика, се нарекува популација.
Големината на популација, т.е. бројот на неговите членови се означува со N (голема буква).
Примерок
Дел од популација се вика примерок1, односно примерок е подмножество на една популација. Примероци се користат во дедуктивна статистика.
Големината на примерок, т.е. бројот на неговите членови се означува со n (мала буква)2.
Обележје
Заедничката одлика што се набљудува на елементите од популацијата се нарекува обележје.
Обележје може да биде:
- Квалитативно – на пример: пол, боја на очи, националност, ....
- Квантитативно – на пример: оценка, сума на пари, висина, тежина, број на дефектни производи, време на непрекината работа, ...
Податок, исход и настан
Поединечен резултат, т.е. запишувањето на „вредноста“ на обележјето на поединечен член на популацијата (или примерок) се нарекуваат податок или исход.
Кога се зборува за поедничен резултат обично го викаме податок, а кога зборуваме за можни резултати ги викаме можни исходи.
Remove ads
Други референции
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads